×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Над 4000 земјоделци од Куманово ќе користат зелена нафта, објави СДСМ

    15.08.2019 09:26 | KumanovoNews

    Бројот на регистрирани земјоделци кои исполнуваат услов за картица за зелена нафта на подрајчето на ПЕ Куманово е 4040, од кои до сега 78 ги подигнале своите картички чија вкупна вредност изнесува 428 525 денари, објави СДСМ на денешна прес конференција.

    Над 4000 земјоделци од Куманово ќе користат зелена нафта, објави СДСМ

    „Од почетокот на овој месец започна да се реализира една од клучните мерки од програмата на Владата, преку Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Поделени се картички на земјоделци за користење на зелената нафта, односно за набавување на 30 отсто  поефтина нафта за земјоделска механизација. Мерката ќе ја користат 55 000 земјоделци кои се регистрирани за обработка на градинарски и полјоделски култури, лозови и овошни насади и оние кои поседуваат обработливо земјиште, а воедно кои поднеле единствено барање за субвениции по програмата за директни плаќања 2018 година“, - изјави Катерина Пешиќ Бошковска, портпарол на Општинската организација на СДСМ Куманово.

     Со оваа мерка, околу 200 000 милиони денари ќе завршат директно кај земјоделците. Пресметката за тоа, кој земјоделец колкава сума ќе има на картичката, зависи од видот на произвотството кое го пријавил за субвенционирање, при што минималниот износ за малите производители изнесува 500 денари, а највисокиот износ е лимитиран до 100.000 ден. Младите земјоделци ќе бидат ослободени од плаќање на закупнина во период од 3 години.

    „Со расположливата сума од картичката, може да се точи исклучиво евродизел за земјоделска механизација, а крајниот рок за користење на средствата е април 2020 год. Ваквата мерка е одговор на деценсиките проблеми на земјоделците, со која се покажува вистинска грижа за земјоделството. Зелената нафта обезбедува помали трошоци за работа, поконкурентно произвотство и повеќе пари за секој земјоделец, - додаде Пешиќ Бошковска.