×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Независниот полициски синдикат организираше синдикални игри во Пелинце

    26.05.2018 17:46 | KumanovoNews

    Независниот полициски синдикат од Куманово, денеска во меморијалниот центар Пелинце организираше спортски синдикални игри.

    Независниот полициски синдикат организираше синдикални игри во Пелинце

     Учесниците се натпреваруваа во фудбал, кошарка и пикадо, а најдобрите добија благодарници.

     "Целта на овој настан е подигнување на свеста за потреба од спортски активности, како и потребата од што повеќе спонтани и неформални собири на нашата фела. Поради тоа што сме претставници на Независниот полициски синдикат, денот го искористивме и да размениме информации за тоа со какви проблеми се соочуваат колегите во различни полициски станици. Се надевам дека овој настан ќе прерасне во традиција, со поголем број членови. Исто така ја користам оваа можност да им се заблагодарам на сите што несебично помогнаа за подобра организација на денешниот настан"- изјави Драган Недељковски, претседател на НСП СО Куманово.

    На спортските синдикални игри учествуваа претставници од НСП Куманово, НСП гранична полиција-кумановски регион, НСП Кратово и други гости.