Мени

Платиле 14.000 евра за изградба на нов објект, останале и без пари и без куќа

10.11.2026 15:04 | KumanovoNews

Педесет и едногодишен кумановец и  неговата 49- годишна сопруга пријавиле во полиција дека биле измамени од М.К. за сума од 14.000 евра.

Платиле 14.000 евра за изградба на нов објект, останале и без пари и без куќа

Според пријавеното, тие со М.К. склучиле договор за рушење на објект и изградба на нов, но тој воопшто не започнал со градежни работи, туку само ја срушил старата куќа и одбивал да им ги врати парите.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.