×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Нова автобуска станица ќе добие Куманово

    09.10.2018 11:48 | KumanovoNews

    На местото на старата ќе се гради нова современа автобуска станица во Куманово.

    Нова автобуска станица ќе добие Куманово

     Започната е подготовка на теренот, урнат е стариот објект, а градежните работи ќе отпочнат до крајот на месецот.

     Според раководителот на автобуската станица, Владимир Васиљковски, новата станица ќе биде една од најубавите во државата. Ќе има приземје и два ката.

    - Во првата фаза ќе се гради само приземниот дел, за да објектот што побрзо се стави во функција. Останатите два ката ќе се градат во наредниот период. Приземниот дел ќе биде со површина од 850 метри квадратни, од кои 650 ќе бидат деловен простор. Автобуската станица ќе има модерна билетара, пространа чекална и санитарни јазли, - изјави Васиљковски за Кумановоњус.

    Првата фаза или изградбата на приземјето на објектот треба да заврши за околу 4-5 месеци, но се ќе зависи од временските услови.

    Во втотата фаза ќе се заврши целиот објект, ќе се уредат пероните, зелени површини, пристапните патеки, ќе се отвори маркет, угостителски објекти и други содржини неопходни за потребите на патниците.

    До оспособување на новиот објект автобуската станица ќе работи непречено во монтажни бараки, кои се поставени на главниот влез за автобусите. Од станицата им се извинуваат на патниците и очекуваат разбирање до завршување на објектот.

     Автобуската станица во Куманово е градена некаде во 60-тите години на минатиот век. Одамна ја прегази времето и претсавуваше грдотија во центарот на градот, поради што граѓаните бараа да се реновира или да се гради нова.

    По завршување на стечајната постапка на поренешен „Југ-турист“, автобуската станица ја купи фирмата „Руле-турс“ од Скопје, која е инвеститор на новиот објект.