×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Први мај- Меѓународен ден на трудот

    01.05.2018 08:30 | KumanovoNews

    Денеска се одбележува Први Мај - Меѓународниот ден на трудот, кој е посветен на борбата за зачувување и унапредување на правата на работниците.

    Први мај- Меѓународен ден на трудот

    Меѓународниот ден на трудот се одбележува во знак на почит кон жртвите на штрајкот што се одржал од 1 до 4 мај 1886 во Чикаго. Штрајкот бил организиран со цел да се воведе 8-часовен работен ден, но била употребена сила од страна на полицијата, при што имало и жртви. Подоцна, организаторите на штрајкот биле изведени на суд, при што четворица од нив биле и погубени.

    Во знак на почит кон жртвите од чикашкиот штрајк, Втората интернационала на својот оснивачки конгрес во 1889 донела декларација со која се повикуваат работниците од целиот свет на демонстрации на 1 мај со цел да ја подобрат својата положба. Оттогаш, традиционално, на 1 мај секоја година во повеќето земји ширум светот се одржувале демонстрации во знакот на одбележувањето на Меѓународниот ден на трудот.

    Меѓународниот ден на трудот е државен празник во повеќе земји во светот, пред се во комунистичките и бившите комунистички земји.

    Во Република Македонија, Меѓународниот ден на трудот има статус на празник и се одбележува еден ден.

    Кумановци традиционално денеска ќе заминат во излетничките места во Пелинце, Студена Вода и на ливадите по течението на речата Пчиња.