×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • СДСМ: Кумановци ги препознаваат вистинските вредности

    25.03.2010 14:58 | KumanovoNews

    Општинската организација на СДСМ, денеска реагираше на вчерашната прес конференција на ВМРО ДПМНЕ и најостро ги демантираше изнесените информации.

    СДСМ: Кумановци ги препознаваат вистинските вредности

    Десетината партиски војници кои по инструкција на партиското раководство на ВМРО-ДПМНЕ беа соберени пред зградата на поранешен Комитет се претставуваат како стотина граѓани. За првпат се случува во историјата на демократските уредувања, власта да протестира пред седиштата на опозиционите партии. Дали е ова знак на уплашеност од паѓањето на рејтингот на вашата партија и на вашиот лидер Груевски - праша портпаролот Дарко Станојковски.

    Тој смета дека граѓаните на Куманово се доволно политички зрели за да ги препознаат вистинските вредности, а тоа го покажале и на последните избори, кога ВМРО ДПМНЕ катастрофално изгуби во Куманово.

    Најголемите фирми во Куманово беа затвроени во времето на вашето владеење, кога Груевски беше министер. Дали мислите дека кумановци се со кратко паметење да го заборават тоа? Само таксативно ќе ги спомнам „1 Мај„, Диер ,Печатница, Полет, Текстилпромет, ЗИК и уште многу други. Што направи оваа влада сега на чело со Груевски за Куманово и кумановчани? Ниту еден денар од државната каса не се слеа во Куманово? Ниту еден проект директно финансиран од Валата не е реализиран за граѓаните на Куманово - рече Станојковски.

    Тој им се заблагодари на подршката на граѓаните кои присутсвуваа на презентацијата на опозициониот фронт.