500x100-1
13. 12. 2010 17:15

Североисточниот регион ќе се грее на геотермални води

Североисточниот регион ќе се грее на геотермални води

Североисточниот регион ќе користи украинско искуство за користување на алтернативните извори на енергија за потребите на училиштата, градинките, болниците и останатите институции кои се во надлежност на локалната самоуправа.

 На покана на Академијата на науки на Украинa во посета на Киев престојуваа градоначалниците на Куманово, Крива Паланка, Кратово, Старо Нагоричане и Ранковце, каде имале прилика да видат како големите и развиени центри вршат заштеда на електричната енергија и ја чуваат животната средина.

Се запознавме со нивните достигања во искористувањето на алтернативната енергија, сончевата, водената, ветровата, а пред се геотермалната енергија која што е опфатена со проектот што ние заеднички треба да го рализираме.За неколку дена делегација од Секторот за алтернативна енергија и геотермални води ќе допатува кај нас за да ги согледа условите и да започне со изработка на проектот на северо-источен плански регион, кој е во процедура. Сметам дека проектот ќе даде резултати бидејќи Куманово и кумановско, а пред се Старо Нагоричене и селото Стрновац, лежат на подземни геотерамални води и ако истражувањето покажат адекватни резултати, тоа ќе ни бидат добра основа да се отпочне со работата за искористување на тој тип на енергија - вели градоначалникот Зоран Дамјановски, претседател на северо-источниот плански регион.

Североисточниот регион ќе се грее на геотермални води