500x100-1
08. 11. 2019 09:16

ДНЕВЕН ХОРОСКОП (08.11.2019)

ДНЕВЕН ХОРОСКОП (08.11.2019)

 Дневен хороскоп

Овен

Денес, во фокусот нека ви бидат љубовта и семејството, но сепак обидете се да не го занемарите  и друштвениот живот. Излезете со вашиот партнер, забавувајте се, разговарајте со луѓето. Денес, вашата енергија и шармантност посебно ќе дојдат до израз, што ќе предизвика и мала доза на љубомора кај вашиот партнер.

Бик

Во текот на овој ден ќе ги избегнувате сите места кои се со многу луѓе, односно ќе сакате да бидете сами или едноставно само да бидете во близина на  вашата сакана личност. Доколку се чувствувате поизморено од вообичаено, тогаш обидете се да се релаксирате со нешто кое ви дава мир. Доколку сакате да останете дома сами, не плашете се да го побарате истото од луѓето околу вас. Секој има потреба од мир.

Близнаци

За припадниците на овој хороскопски знак денеска се препорачува да се дружат со луѓето околу нив, затоа што нивната позитивна енергија ќе имаат потреба да ја споделат со некој. Доколку пак сметате дека премногу време поминувате излезени надвор, тогаш поканете ги вашите пријатели во домашна атмосфера. На работата денес не ве очекуваат особени промени.

Рак

Некако сите работи ќе ви се одвиваат просечно, ништо нема докрај да оди онака како вие сакате. Едноставно денес обидете се да не ја следите вашата интуиција, туку  вклучете го вашиот разум, за да  не дејствувате толку емотивно. Како и да е, не грижете се, ссепак следи викенд пред вас, а тоа е уште една можност да седнете и да размислите каде и како понтака.

Лав

Ќе бидете особено задоволни од сѐ што ќе допрете. Вашата имагинација е  таа која ќе ја размрда монотонијата и ќе придонесе на работата да се сменат многу работи. Уживајте во убавата промена којашто ја носите, но не заборавајте дека секогаш зад вас стои поддршката од вашата сакана личност.

Девица

Се препорачува да внимавате на вашите финансиски состојби, затоа што во последно време трошите повеќе отколку што треба. Не заборавајте на поговорката, која вели да си ги испружиме нозете толку колку што ни е долга чергата. На љубовно поле, денес не ве очекуваат посебни промени, освен тоа што вие ќе сакате да му покажете на вашиот партнер дека со разгвор сѐ може да се реши и спречи.

Вага

Можно е да ви претстои некој работен состанок, обидете се да не се впуштате во расправии со оние кои мислат спротивно од вас. Исто така, денес ќе му замерите и на вашиот партнер на неговото нетолерантно однесување кон вас. Во право сте, партнерите понекогаш треба да бидат и наша потпора во тешките денови, иако сето тоа ќе биде мачно и можеби оптеретувачко за партнерот. Меѓутоа, „вистинските“ се познаваат во неволјата.

Шкорпија

Ве очекуваат убави мигови на работата, односно колку и вие да мислите дека некој не го забележува тој труд, овој ден ќе забележите мали знаци кои ќе ви го демантираат истото мислење. На љубовен план нема да ви се случат особени промени, освен тоа дека веќе ќе почнете малку посериозно да се однесувате кон некои работи кои ве засегаат и вас и вашиот партнер.

Стрелец

Овој ден ќе бидете снаодливи на вашата работа, па на некој начин времето ќе ви помине многу побрзо отколку што ќе се надевате. Сепак, не заборавајте дека за истото е заслужна и тимската работа. На љубовен план вие ќе бидете таа личност која ќе инсистира за зближување со вашиот партнер, а тоа ќе предизвика позитивна реакција и кај него.

Јарец

Ќе чувствувате дека ви се има насоберено сѐ и сешто, но сето тоа ќе биде само резултат на вашата лоша организација. Кога станува збор за организацијата, време е да седнете и да си направите приоритетна листа. Едноставно љубовта, не можете и не смеете да ја ставите на последното или претпоследното место.

Водолија

Денот е прекрасен за да остварите поубави и поблиски контакти и со некој од вашите роднини. Во последно време постојано сте сконцентрирани само на работата и љубовта кон партнерот, но не заборавајте дека цело е кога има сѐ. Едноставно на човекот му е потреба и поразличен вид на љубов и блискост од онаа којашто ни ја нуди партнерот. Не запоставувајте ги тие односи.

Риби

Особено ќе бидете претрупани со работата, но на крајот ќе соберете сили и успешно ќе го завршите работниот ден. Сепак, нема да дозволите уморот да биде оној кој ќе ви го диктира темпото на животот, па ќе сакате пријатно да го изненадите вашиот партнер, обидете се да најдете начин и да го однесете на вашето  омилено место.