500x100-1
05. 09. 2019 11:54

Слушалка винил промоција на „Мојот сон е само мој“

Слушалка винил промоција на „Мојот сон е само мој“

Култниот домашен состав "Suns", по повод 25-годишниот јубилеј од објавувањето на албумот "Мојот сон е само мој", денес во 20.30 часот во клубот "Агора", ќе одржи слушалка промоција на грамофонското реиздание.

Оригиналниот албум на "Suns" e објавен во 1994 година, на аудио касета за "Коприва-рекордс", по 10 години "Литиум" го објавува  како компакт-диск, а во 2018 критика.мк го објавува како дигитално издание.

Всушност, албумот е снимен во ноември 1993 година, за 60 часа, на две грамофонски плочи со 12 песни: "Двајца", "Зборувам", "Мисли", "Врне", "Белег", "Обид", "Гајле", "Карпа", "Зум", "Луѓе", "Талог" и "Мој".