ХОРОСКОП - 14.09.2021
Дневен хороскоп

ОВЕН
Чувство на расеаност, несигурност и лоши, непромислени одлуки на работното место. Внимавајте да не направите некоја грешка која лошо ќе се одрази на вашата репутација и не доаѓајте на работа ненаспиени. Одличен ден за медитирање, одмор, ресетирање, изолација, физички активности кои ќе ве смират како на пример јога. Бидете претпазливи, чувајте се од вируси и настинки.
БИК
Денес можете да донесете ужасно лоша одлука кога е во прашање љубовта. Не им верувајте на сите кои ќе влезат во вашиот живот. Балансот е помеѓу прекумерното идеализирање и преострата критичност. Проверете го вашето најстаро дете, можно е да се наоѓа во конфузен период во кој му е потребна ваша помош и поддршка. Бидете креативни денес.
БЛИЗНАЦИ
Она што сте и она што сакате да бидете ќе се судрат денес. Визиите за вас во иднина и спомените од вашето минато ќе направат да се чувствувате непријатно во сопствената кожа, да не знаете во кој правец треба да се движите. Немирот ќе мине, дајте си време, не брзајте никаде и не доживувајте ниту една ситуација како фатална. Можни недоразбирања во односот со членови од блиското семејство.
РАК
Не се наметнувајте денес, не се обидувајте да им докажете нешто на луѓето околу вас, не зборувајте повеќе отколку што е потребно, бидејќи се` што ќе кажете може да биде искористено против вас во иднина. Исто така, не планирајте патувања и одморете од академските обврски барем денес. Бидете особено претпазливи како возите, никако не седнувајте зад воланот под дејство на било што, дури и недостаток на сон.
ЛАВ
Исклучително лош ден за инвестиции, за започнување на било какво штедење, како и купување на имот и недвижнини. Финансиите не треба да се тема во преден план овие денови, балансирајте ги вашите потреби за трошење со вашите приходи за да не се најдете во неочекувано лоша ситуација. Некои тајни ќе ве измачуваат, а можеби и ќе откриете нешто кое ќе ве вознемири.
ДЕВИЦА
Добрата вест околу денешниот ден е тоа што ќе бидете уметнички инклинирани, ќе имате способност грациозно да се носите со секојдневните ситуации и глумата, пеењето и танцот ќе ви одат многу полесно од обично. Лошата вест е тоа што можно е да бидете измамени од партнерот, да бидете конфузни и нејасни за другите. Не потпишувајте договори и избегнувајте третмани за убавина денес.
ВАГА
Верувајте ѝ на интуицијата, денес нема да ве излаже. Особено кога е во прашање вашето физичко здравје, не ги игнорирајте знаците кои ви потенцираат дека нешто не е во ред. Можно е да ги откриете вашите непријатели или да треба да се соочите со луѓе кои не ви посакуваат најдобро на работното место. Не се вплеткувајте во интриги и бидете достоинствени, искрени и транспарентни.
ШКОРПИЈА
Односите со пријателите ќе станат извор на недоразбирања денес. Можно е некои луѓе во вашите пријателски кругови да ве иритираат, да се случуваат настани кои ќе побараат важни промени во друштвените структури. И да губите пријатели, важно е да не се изгубите самите себеси. Не започнувајте нови проекти денес и не претерувајте со хедонистички активности.
СТРЕЛЕЦ
Можно е некои искуства од минатото да ве ограничуваат да бидете подобра личност денес или во иднината. Ослободете се од бесот кој сте го почувствувале некогаш и дозволете си да почувствувате и емоции од позитивниот спектар. Семејството ќе има искривена перцепција за тоа кои сте вие навистина. Внимавајте да не бидете мета на ширење гласини и не верувајте на такви озборувачки активности.
ЈАРЕЦ
Советите кои ќе ги добиете денес можеби нема да бидат најефикасниот начин да го подобрите квалитетот на вашето живеење. Не се сите компетентни да донесуваат одлуки во ваше име, затоа верувајте си само на себеси. Но, не на сопственото его, туку на вашите искрени, душевни потреби. Внимавајте како возите и со кого се возите денес. Паузирајте ги плановите за патување барем до утре.
ВОДОЛИЈА
Не дозволувајте луѓе кои не знаат ништо за вас да влијаат на вашата самодоверба денес. Бидете горди на себе и она што сте го постигнале. Внимавајте да не претерате со хедонистички активности и бидете умерени со супстанците како алкохолот. Исклучително лош ден за инвестирање во нешто, како и за крупни трансакции. Обидете се да не трошите повеќе отколку што заработувате.
РИБИ
Можно е да ги збунувате луѓето денес со вашите зборови или да бидете нападнати од партнерот дека сте премногу неприсутни, дека вашите желби се нереални или дека нешто друго не е во ред со вас. Преиспитајте ги вашите навики, но не дозволувајте никој да манипулира со вас и да бидете “дежурен виновник“ за се`. Внимавајте на измами од страна на брачниот или деловниот партнер и вие самите не се впушајте во нелегални активности.