Родителското отсуство за татковците – позитивна мерка за родовата еднаквост во семејството
„Иако, генерално, македонското сфаќање е дека грижата за бебињата се обврска само на мајките, јас се одлучив да видам како изгледа тој предизвик. Тоа можеби беше повеќе исфорсирано отколку доброволно, но сепак искуството вредеше и се исплатеше. Не е воопшто комплицирано и со себе носи многу убави моменти. Прошетките со моето дете низ градскиот парк, учењето на нови нешта и безброј насмевки засекогаш ќе останат врежани како дел од мојот живот“, вели Викор Николовски од Скопје, еден од (малубројните) татковци кои користеле породилно отсуство.