×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • 38 стари полициски и армиски возила ставени во употреба за гаснење пожари

    06.07.2025 13:41 | KumanovoNews

    Стари армиски и полициски возила што не се користеле со години се ставени во функција за гасење пожари.

    38 стари полициски и армиски возила ставени во употреба за гаснење пожари

    Станува збор за 38 возила кои биле неупотребливи и расходовани, а сега ќе бидат под надлежност на Дирекцијата за заштита и спасување и со нив ќе се интервенира на тешко пристапни места.

    „Станува збор за полициски и армиски возила коишто повеќе од осум години не биле запалени. Ја видовте демонстрацијата, видовте како денес сето тоа изгледа и можам да кажам дека многу поподготвени ја пречекуваме сезоната на пожари којашто очекуваме да се случи многу скоро, односно таа е веќе во тек, веќе се појавуваат одредени пожари на одредени делови од територијата на државата“, кажа премиерот Христијан Мицкоски.

    Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски дека земјата добива „Македонска интервентна пожарна“ од 43 специјални транспортни возила за справување со пожарите.

    „ Се работи за 18 прилагодени моќни теренски возила Пинцгауер (дополнително се очекуваат уште 5) со резервоари од 1.500 литри, 15 прилагодени оклопни транспортери БТР 80 со резервоари од 6 тони и 5 оклопни транспорти Хермелин со влечни цистерни од 2, 4, 6 и 8 тони. Сите 43 специјални возила се опремени или се во фаза на опремување со моќни водни пумпи со домет на водениот млад од 25 до 100 метри“, истакна министерот . 

    Оваа недела треба да стигне од сервис и вториот авион, а третиот некаде до крајот на месецот или почетокот на август. И по два полициски и армиски хеликоптери се подготвени за справување доколку има пожари.