Чешки хеликоптер и словенечки пожарникар ќе помогнат во гаснење на пожарите
Еден чешки хеликоптер и 61 пожарникар од Словенија со 18 возила денеска ќе стигнат во земјава за помош во гасењето на пожарите.

Помошта стигнува откако вчера беше активиран механизмот за цивилна заштита не ЕУ. Тие ќе бидат упатени во Берово и ќе го гасат пожарот на планината Готен.
Денеска активни се седум пожари, а три се под контрола. Активни пожари се во: Општина Василево, Радовиш и Берово на Голем Готен и Малешевските планини каде гори нискостеблеста шума, смрека, грмушки и ниска вегетација. Во Општина Прилеп пожар има во село Бешиште, местото викано Бешишки Рид, кој е проширен кон Градешница, Опш. Новаци и крак кон границата со Грција. На овој пожар не се интервенира поради детонации.
Пожар има во Општините Прилеп и Кавадарци меѓу селата. Царевиќ, Смолани, Радобил и Дрен (Прилеп), и село Галиште и Трстеник (Кавадарци), каде гори мешана шума и ниска вегетација. Во Општина Македонски Брод: меѓу село Црешево, Локвица и Крапа, во Општина Македонска Каменица кај село Ќосевица, во Општина Чашка кај село Ореше и во Кичево во село Горно Црско.на случајот.