×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Поништен е тендерот за набавка на 120 еколошки автобуси од кои требаше да добие и Куманово

    29.07.2025 11:49 | KumanovoNews

    Министерството за транспорт го поништи тендерот за избор на понудувач за набавка на 120 електрични еколошки автобуси за јавен превоз и станици за полнење, откако надлежната Комисија утврдила дека единствената пријавена компанија не ги исполнува условите од објавениот повик.

    Поништен е тендерот за набавка на 120 еколошки автобуси од кои требаше да добие и Куманово

    Од 120-те еколошки автобуси што требаше да се набават со повикот, 80 требаше да бидат наменети за Град Скопје, а останатите 40 за општините согласно економската оправданост и нивните реални потреби.

    И Куманово ќе добие дел од електричните автобуси, најави градоначалникот на една од седниците.

    На јавниот повик само една компанија достави понуда. По извршената евалуација, било утврдено дека компанијата не ги исполнува критериумите согласно објавениот јавен повик. 

    Од Министерството за транспорт најави дека во следниот период ќе се направат дополнителни анализи околу набавката на електрични еколошки автобуси и ќе ја информираат јавноста.