×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Куманово е на трето место од пет општини по загаден воздух во градинките и училиштата

    12.11.2024 14:04 | KumanovoNews

    Куманово е на трето место по загадувањето на воздухот во затворени простории на градинки и училишта, покажа истражувањето на Факултетот за природни и технички науки (ФПТН) и лабораторијата Амбикон од штипскиот универзитет „Гоце Делчев“.

    Куманово е на трето место од пет општини по загаден воздух во градинките и училиштата

     Мониторингот е вршен во период од една година, од март 2023 до крајот на април годинава во Куманово, Струмица, Кавадарци, Гостивар и Струга.

    „Добиените резултати јасно укажуваат дека високите концентрации на суспендирани честички се најсериозен загадувач на внатрешниот воздух во училиштата и градинките. Додека просечните концентрации на другите загадувачки материи вклучени во истражувањето, како гасови и биоаеросли речиси без исклучок се во рамките на препорачаните вредности, а микробиолошката чистота на воздухот може да се оцени како генерално прифатлива, измерените просечни концентрации на суспендирани честички (РМ 2,5) ги надминуваат препорачаните гранични вредности за двапати, па дури и трипати“, стои во истражувањето.

    Во загадениот воздух ПМ честиците се над границата од 25 микрограми на кубен метар и изнесуваат од 40 до 80 микрограми, што влијае врз детскиот психофизички развој и ја намалува нивната продуктивност и концентрација додека учат. Загадувачот главно се внесува преку обувки и облека во затворениот простор, и нема друга поврзаност меѓу внатрешниот и надворешниот воздух.

    „Нема пробивање во внатрешниот воздух зашто денес постои подобра изолација и објектите се енергетски ефикасни. Ние дишеме загаден воздух, и внатре и надвор, со тоа што внатрешниот воздух веројатно е и поголем проблем за нас бидејќи ние, посебно во зимскиот период, престојуваме подолг период внатре отколку надвор“, објаснува професор Дејан Мираковски, ректор на Универзитетот во Штип.

    За справување со загадениот воздух во затворени простории има многу повеќе решенија. Добри и брзи резултати може да се постигнат со наједноставни мерки како почесто пребришување на површините со мокра крпа, користење обувки или облека само за внатрешниот простор, а не да се престојува со надворешната облека.

    Освен тоа други решенија кои даваат резултати се од поставување современи системи за вентилација и прочистувачи до едноставни самостојни системи за филтрација на воздухот. Со овие системи, рече Мираковски, може да се намалат и 80 до 90 проценти од концентрациите на суспендирани честички во затворен простор.

    Истражувањето е извршено во рамките на проектот „Справување со загадувањето на воздухот“, преку Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП), од Амбасадата на Шведска.