Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Жител на селото Опае нападнал вработен во депото на пајак службата на ЈП „Куманово-паркинг“ во Куманово.
Тој денеска бил приведен во Полициската станица во Куманово.
„На 02 јануари, во 10.20 часот полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода У.Ф.(47) од село Опае, Општина Липково. Тој се сомничи дека истиот ден, по претходна вербална расправија физички нападнал вработен во ЈП „Куманово паркинг“, додека бил на работното место во депо на „пајак- службата““, известуваат од полицијата.
По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.