×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Нема да има данок за неженети и немажени, рече Мицкоски

    06.07.2025 20:37 | KumanovoNews

    Претседателот  Христијан Мицкоски кажа дека нема да биде вовоеден данок за неженети и немажени, и се извинува на сите кои така го разбрале. 

     

    Нема да има данок за неженети и немажени, рече Мицкоски

    Целта му била да се отвори дебата, да се крене свесноста, бидејќи е загрижен  за демографската состојба во земјата, затоа што тивко умира.

    „Нема да има никакви даноци и се извинувам длабоко ако некој погрешно ме разбрал.  Но, она што можам да го заклучам е дека ние тивко исчезнуваме и изумираме и тоа поминува така незабележено, како општоприфатен факт и ние треба да се помириме со тоа. Јас не можам и би било неодговорно од моја страна да се помирам со фактот дека во 2016 година се родени 23.000 бебиња во Македонија, а во 2024 година 16.000. Тое е рецесија од 30 отсто. Во 2021 година сме имале 13.300 бракови, а три години потоа во 2024 година 11.100 бракови, тоа е 17 отсто рецесија“, рече денеска Мицкоски.

    Тој најави сет на мерки за да се подоби состојбата.

    „Тоа ќе биде комбиниран сет на мерки и тоа е едниот дел на решавање на проблемот, како шест ин витро процедури бесплатни наместо досегашните три, стимулација за прво, второ родено дете, ослободување на мајката од персонален доход на данок една година за првородено дете, две години за второ родено дете, за трето повеќе, секоја година ослободување додека највозрасното дете не стане полнолетно и така натаму. Мора да работиме уште во најрана возраст, да се сфати дека семејството е јас, мама, тато, бато и дада, а не јас мама и тато. Умот и срцето, се најважни, стимулансите ќе ги дадеме, се кренаа и реакции, поентата е да има јавна дебата и се случува.“, изјави премиерот.

    Мицкоски на 4 јуни на настанот „Демоградски трендови, предизвици и можни решенија“ рече дека Владата размислува за воведување дополнителни даноци за немажени и неженети, што наиде на остри реакции кај граѓаните.