Спречен обид за подметнување пожар на падините на Осоговски Планини
Спречен е обид за подметнување на пожар во Царев врв, на надморска височина од 2.000 метри.

Вчера доцна попладне екипи на Национални шуми од Крива Паланка заедно со полицијата откриле 30 расфрлани гуми помеѓу нив и дрвја и картонски кутии, кои требало да бидат запалени.
„Шумочуварската служба од подружницата Осогово од Крива Паланка, попладнево во заедничка акција со МВР, Полициска станица Крива Паланка пронајде и отстрани од лице место автомобилски гуми , картони и неколку борови колци спремни за палење на падините на Осоговските Планини, во место викано Алтн чешма, веднаш под Царев Врв на 2.000 метри надморска височина“, велат од Национални шуми Крива Паланка .
Во близина на местото се наоѓа шума, па пожарот можел да зафати квалитетна шума и да биде тежок за гасење.