„Вруќа вода“ популарна кај граѓаните, заборавена од надлежните Запуштени и необновени се чешмите на „Вруќа вода“ во населбата Проевце, во Куманово.
„Четвртак у 9“ - стендап фестивал во Куманово Од вторник до четврток ќе се одржи Првиот стендап фестивал „Четвртак у 9“ во Куманово.
Бензинот и дизелот ќе поевтинат за половина денар Бензинот и дизел горивото по полноќ ќе поевтинат за половина денар за литар, соопшти Регулаторната комисија за енергетика. За еден денар ќе се намали цената на нафтата за домаќнствата. Од друга страна, ќе поскапи мазутот.
Малолетник повреден од мотокултивар на нива во липковско Малолетно лице се здобило со тешки повреди од мотокултиватор додека работело на нива во липковско село.
Гимназијалки освоија трети места на Олимпијада по англиски јазик во Италија Ива Пешевска и Мила Смилевска, ученички во втора година во Гимназијата „Гоце Делчев“ од Куманово, освоија трети места на престижната Меѓународна олимпијада по англиски јазик Hippo „English without Borders“, која се одржа од 21 до 23 мај во Лидо ди Јесоло, Италија.
Повреден мотоциклист на патот кон Романовце Едно лице е повредено во сообраќајна несреќа при судир на мотоцикл и автомобил.
Во Куманово денеска и утре ќе се прска против бубашваби, глувци и комарци Денеска и утре ќе спроведе третмани за дезинсекција и дератизација од земја, против бубашваби, глувци и комарци .
Бучен Козјак го прослави Светскиот ден на млекото Реномираната кумановска компанија за преработка на млеко и млечни производи Бучен Козјак денеска го прослави Светскиот ден на млекото - 1 јуни и 41-виот роденден.
Над 400 автомобили учествуваа на првиот автособир на Аџитепе На спортскиот аеродром Аџитепе денеска се одржа првиот автособир на кој учествуваа над 400 автомобили. Манифестацијата ја организираа клубовите Тјунингславиа и Илегал Хантерс од Куманово, на задоволство на многубројната публика и учесниците.
Хуманитарна акција за помош на лицата од мултипла склероза Здружение на граѓани за поддршка на семејства на лица со автоимуна болест - „Позитиво МС“ од Куманово, утре организира хуманитарна акција за собирање на средства за помош на лицата заболени од мултипла склероза (МС)
Работилница за деца во рамки на Фестивалот на проза во Куманово Шеесетина ученици од петто одделение од ОУ „Крсте Мисирков“ денеска присуствуваа на детска литературна работилница, која е дел од Фестивалот на прозата во Куманово.
Жителите на улицата „153“ во населбата Карпош бараат асфалт и осветлување (видео) Улицата „153“ во населбата Карпош нема асфалт и улично осветлување. Жителите се жалат дека овие проблеми секојдневно им го отежнуваат животот, бидејќи кога врне газат кал, а лети се душат во прашина.
За три години рециклирани 10 милиони пластични шишиња и лименки во земјава Десет милиони шишиња и лименки се собрани во повратните вендинг машини на „Пакомак“ од нивното поставување во 2021 година. Пластичните шишиња и лименки кои се одложуваат во повратните вендинг машини потоа повторно се рециклираат во амбалажа.
„Куманово-гас“ првиот квартал од годината го заврши со добивка од 5.000 евра, кажа директорот Митровски Добивка од 290.000 денари или скоро 5.000 евра остварило ЈП „Куманово-гас“ во првиот квартал од 2024 година.
Во сабота ќе се одржи првиот автособир во Куманово На Спортскиот аеродром Аџитепе во Куманово, во сабота ќе се одржи првиот собир на автомобили, во организација на клубовите Тјунингславиа и Илегал Хантерс од Куманово.
Општината потфрли во информирањето на граѓаните за кризата со водоснабдувањето, кажаа советниците во Советот Дел од советниците на вчерашната седница упатија отворена критика до претседателката и Советот и до Општинскиот штаб за заштита и спасување за ненавремено и нецелосно известување за состојбата со водоснабдувањето во Куманово, по невремето во Липковско, кое една недела го остави градот без вода за пиење.