Никако неможам да најдам логичен одговор на тоа прашање, од каде е правото на СДСМ така да настапуваат и така да се однесуваат во јавноста и пред македонскиот народ.
Дали тоа произлегува од бројноста на нивниот митинг? Овој народ виде дека таму беа само нивни активисти, под принуда довлечкани вработени во локалните самоуправи на општините каде СДСМ е на власт. Или настанот на Перо Наков б.б. каде целата Македонска јавност виде „УПАД НА ОПОЗИЦИЈАТА ВО А1 ТЕЛЕВИЗИЈА“ а не како што тие тврдат „Упад на полицијата во А1 телевизија“. Македонска јавност виде дека А1 функционираше непречено цело време. Ниту еден момент во студиото не видовме полицаец, или некој друг да ја попречува отворената програма, на која продефилираа слободно 99,9 % од опозицијата. Сосема слободно повикуваа на предвремени избори, бунтови и што ли уште не. Таму видовме само насилие од СДСМ врз институциите, кои сосема законски со судски налози спроведуваа истражна постапка. Народот тоа го виде и свесено, овие јавни манипулации не поминуваат кај него.
Дали правото го стекнавте од проектите кои што вашиот лидер и вашите влади предводени од него ги оставиле зад себе. И кои се тие проекти: ТАТ, катастрофална приватизација со која е обезвреднето и опљачкано македонското национално богатство, преточено во рацете на тајкуните, денес познати какао големата 10 – ка. Можеби кршењето на енбаргото кон Србија и реекспорт на српски производи, или поради ПРОЕКТОТ „ЌЕ ЈАДЕМЕ ЖИВИ ЛУЃЕ“. Па зарем ова не е одраз на висок степен на нетолеранција и тотилатаризам.
А, ако се повикуваат на проекти на локално ниво, да ве потсетам дека тогаш градоначалникот во минатиот мандат не беше член на СДСМ, си го „СМРЗНА“ членувањето во партијата на Бранко.
Само за потсетување, во времето на СФРЈ Куманово беше најбогата и најразвиена општина и на тоа се сеќаваат постарите. Денес е во оваа состојба, по 20 години власт на Бранковата партија на локално ниво. Па поради тоа владата на Груевски на Општина Куманово и додели 3,5 милиони евра за Проектот водоснабдување и одведуваење на отпадни води од Европска инвестициона банка, како на најнеразвиена општина. Инаку оваа е највисок износ на овие средства, другите општини ќе добијат помалку.
Да се биде на власт не е позиција на арогантност и самобендисаност, туку позиција на понизност кон народот, одговорност и транспарентност на практицирање на власта. Бидејќи кога ВМРО-ДПМНЕ е на власт се гледа што прави со парите на народот. За тоа зборуваат проекти како Коридорот 10 или автопат Табановце - Гевгелија кој се привршува, субвенции кон земјоделците, покачување на платите на администрацијта, пензиите, УРИВАЊЕ НА ВИЗНИОТ РЕЖИМ, бесплатни учебници, намалување на партиципациите на факултетите, па и проектот Скопје 2014 и многу други проекти од програмата со која оваа коалициона власт ги доби последните изборни циклуси во државата. Таа има одговорност пред народот да ја спроведува програмата која што ја ветила на избори на транспарентен, отчетен и одговорен начин. Тука се и преоктите од минатото Милениумски Крст, Плаошник, спас на Дојранското езеро и.т.н.
Како што гледате почитувани граѓани разликата е очигледна.Кога ВМРО е на власт се гледа што се прави со ПАРИТЕ НА НАРОДОТ, а кога СДСМ е на власт, тогаш останува неодговорено прашањето: А ШТО ПАРТИЈАТА НА БРАНКО ПРАВИ СО ПАРИТЕ НА НАРОДОТ?. КАДЕ СЕ ТОГАШ НАРОДНИТЕ ПАРИ? Би било убаво конечно од опозицијата да слушнеме и за нивната програма за излезни решенија на низа проблеми што го мачат овој народ, а не да слушаме само за закани и навреди кон актуелната власт. Но при тоа да не не замајуваат со чист популизам од типот „Ќе вработиме по еден од секое семејство“.
За мене народ сме сите ние, кои живееме во оваа држава без разлика на партиска, етничка, верска или било која друга разлика, и токму заради тоа несмее влакно од главата да му фали на ниту еден СДСМ-овец или било кој друг што размислува поинаку или има поинакви идеи или идеологии. Се додека не ги крши законите на мојата татковина, редовно си ги плаќа даноците и не повикува на насилие или насилно уривање на власта и уставното уредување. Под тоа јас подразбирам слобода и демократија. Слобода и демократија е и чувството за одговорност и кон оние кои не се А1 и опозиција, бидејки не се повикани само Велија и опозицијата да зборуваат што е што во оваа држава. Не само А1, ВРЕМЕ И ШПИЦ се медиум во оваа држава. Не е демократија само вистината на овие медиуми. Неможе само опозиционо делување и желба за власт на СДСМ да се столбот на демократијата, а се друго тоталитаризам. Токму затоа ниту еден политичар, па бил тој и од опозицијата, неможе да се повикува дека е народ.
За крај мои почитувани сограѓани, да ви посакам успешна и среќна Нова година со добро здравје, повеќе берикет и поголеми успеси и остварени лични и семејни планови.
Советник во Советот на Општина Куманово од ВМРО-ДПМНЕ
Др.Стефан Трајановски
*Ставовите изнесени во колумните не се ставови на редакцијата на KumanovoNews. Затоа KumanovoNews не сноси одоговорност за содржината на истите.*