×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Милион причини за опуштено

    Атина Мургашанска

    Додека полека стивнува празничната еуфорија која сите не завитка со малку топлина и стандардно повторувана надеж за  барем малку подобри денови, секојдневието неумоливо не потсетува на суровата реалност. И тоа веќе не се случува во некои непознати предели, туку, тука околу нас, по домовите, улиците и се поретките работни места. Гладот и сиромаштијата го обојуваат денот на бездомниците, стечајците, но и на голем дел од нашите семејства.

    Како да се остане мирен тогаш, кога во време на „ладно,, одбивање на Законот за стечајните работници, се парадира на црвени теписи со лажен сјај на раскош пред едно од зданијата на Скопје 2014, во кое во камен,бронза и кич се заробија тешки пари, но и тешко бреме за оддолжување на сегашните и идните генерации?

    Како да се слушаат спокојно вестите за скапите роуд-шоуа, без ниту ,,и,, од инвестициите во ист ден кога пропаѓаат подови од училиштата, а реконструкцијата на патиштата се прогласува за второстепена, бидејќи и онака нашите граѓани не патуваат многу.

    А и зошто би? Најудобно им е дома, опиени од сјајот на тв-сапуниците и розовата слика на Потемкиновите села со која секојдневно ги улулкува милата ни влада преку медиумите кои ете случајно ги мерат настаните, токму со нејзин аршини. И како да не им се верува, кога ги одбрале најдобрите и најспособните со по неколку докторски титули, кои ко од шега уредуваат весници, отвораат и затвараат телевизии, школи и факултети, а богами и несебично се вложуваат во здравството. Злобниците, пак,  веднаш се фатија за милиончето на уредничката на Сител, која заедно со колегата и по перо и титула, така несебично се вложуваат да ни ги објаснат придобивките од политиките и потезите на преродбеничката ни власт. Недостижни се за нас обичните смртници длабочината и далекусежноста на овие просветлени умови кои ете, проблемот на наталитетот ќе го решаваат со редовно гласање на избори?!

    Како малку да направија со секојдневните апели за трето, петто и н-то дете, а и со вразумување на аздисаните жени, кои замислете, би се дрзнале сами да одлучуваат дали ќе раѓаат и кога и колку.

    А и како се сетија дека сите проблеми на пензионерите доаѓаат од нередовно скијање на снег, вода и санкање на суво. По бесплатните карти и бањски тури, скијањето беше нужен потег да ни процвета животот во зрело доба.

    Е, да. Куманово, Струмица, Ранковце и Центар малку ја нарушуваат идиличната слика, но сесрдно се работи на нивно вразумување. Ред инспекции, ред контроли, овде скапа вода, онде вработени на улица, а ако треба некоја општина и ќе се укине!

    Туку, кога сме кај изборите, освен ,,разумниот,, компромис дека извесно ќе се одржат претседателските избори со неизвесен број на аспиранти т.е. кандидати  се друго е под превезот на една длабока енигма. Предвремени избори можеби ќе има , а можеби и ќе нема. Можеби ќе и се фрли ракавицата на опозицијата, таа да го направи изборот, а можеби се е само мала шега.                                                

    Се е во игра, ни намигна премиерот и отиде да се опушта во ,,Попуштено,, или како веќе беше.

    Атина Мургашанска Координатор на Форумот на жени на ОО на СДСМ на Куманово, Атина Мургашанска

    *Ставовите изнесени во колумните не се ставови на редакцијата на KumanovoNews. Затоа KumanovoNews не сноси одоговорност за содржината на истите.*