Ако за Рамковски репресија е тоа што го “подбрале”, бидејќи не работел според законот, за нас не е. Дали некој се прашува како им е на оние што не можат да ги наплатат своите побарувања од него?
Има многу привилегирани како Рамковски, и се гордеат со тоа што не ги почитуваат законите. Никој ништо не им може, и на никого ништо не плаќаат. Како пример ќе го посочам сопственото искуство со Љупчо Палевски познат бизнисмен од Скопје. Тој пред многу години нарача кампања за референдум на мојата телевизија и до денеска не ми платил, иако имаме потпишано нарачка-договор, медиа план и уредно исполнета обврска. Кога следуваше фактура за наплата на сработеното, тој не објасни зошто не сака да плати. Го тужев и го добив спорот, и веќе близу десет години имам извршно решение кое неможам да го наплатам. Образложение кое го добивам од надлежните : „Од него никој неможе да наплати, бидејќи сметките редовно му се блокирани„.
Сега ги разбирам, како се чувствуваат оние кои неможат да си ги наплат долговите од Рамковски. Тука спаѓаат и млекарите од “Свед Милк”. Но по нивната логика, зошто да плаќаат, кога тие се нашите транзициони, привилигирани богаташи. Тие ја јадат и уништуваат македонската економија. Е, сега ова безобразна Влада се осмелила да им побара да ги платат “борчовите”. Каква дрскост, ако треба ќе има револуција ама плаќање на долгови никако. Но зошто е тоа така ќе објаснам за областа што ја познавам, медиумите. Имено, А1 не е прва и најстара телевизија во државата. Пред неа започна да работи КРТ телевизија во Скопје. Но, тогашната власт СДСМ длабоко се трогна од ова непланирано отварање на медиумот, и веднаш преку Сорос фондација помогнаа, и ја отворија А1. Така инвестицијата од околу 100.000 марки од приватен капитал во КРТ беше нула во однос на она што инвестираше Сорос во А1. И така почна контролата од СДСМ и Сорос врз медиумите. Контролираа и инвестираа во се она што го третираа за медиум, и се разбира мораше се да биде во нивна “шема”. Ако не си со нив, за никаде си. Тоа го знаеме најдобро ние кои не бевме со нив. На официјалното барање од ТВ КРТ Скопје и ТВ КРТ Куманово за помош од Сорос ни одговорија со официјален допис, дека недостаток ни било тоа што сме биле национално определени. Пази, им одговарале национално обезличени медиуми.
И така, секаде каде ќе “никнеше” медиум кој не го контролира СДСМ веднаш на иста територија делуваше Сорос и помагаше да се формираат медиуми кои ќе ги контролираат. Кога започна со работа ТВ КРТ Куманово во март 1993, веднаш тогашниот градоначалник (секако од СДСМ) ги собрал сите директори од тогашните транзициони-сега “покојни” фирми, и им наложил веднаш да помогнат да стартува локална телевизија за да се оневозможи работата на ТВ КРТ. Била донесена одлука секоја фирма да даде по 4.000 марки. А потоа имаше многу случаи. На пример, рејтинг листите кои ги изработуваа истражувачки агенции блиски до Сорос, и таму се случуваше се и сешто, само никако медиумите кои не се во “шема” да се појават во тие табели.
Да не зборуваме за “рекламирањето” по директива. А ако некој клиент се рекламира во “непланиран” медиум, веднаш на сцена одеа и “ џокерите” - инспекторите кои вршеа тортура.
Покрај сите овие финансиски притисоци, вистинска “мора” или невозможност беше да се дојде до информација, но и да се направи емисија со гостин во студио. Па така се изврши “совршеното злосторство” на македонската економија, а никаде не се зборна за тоа. И сега се бунат соучесниците во сето ова дека се дискриминирани, блокирани.
А што е со блокадата од сите страни на “малите”, како тие што велат, а мислат ништожни медиуми, кои егзистираат во сите градови како локални и ќе останат локални, бидејќи ги истрпеа сите можни блокади. Нив немаше кој да ги сослуша затоа што тогашната власт сето она што не беше со нив го третираше како да не постои. Каде е Ерван Фуере кога локалните медиуми здружени во ЗЕЛМ - Здружение на локални и регионални медиуми му се обраќаа за своите проблем и притисоци кои ги трпат и денес. Не не удостоји ниту со одговор, а камоли да не сослуша или подржи.
П.С. Само да кажам дека за сите овие случувања е виновна Владата на РМ на чело со премиерот, да му дадеше на Рамковски тоа што го бараше - 100 милиони евра за да отвори педесет фабрики или половина од девизните резерви ќе немаше никаков проблем.
Сопственичка на ТРД Далга КРТ
Гордана Милковска
*Ставовите изнесени во колумните не се ставови на редакцијата на KumanovoNews. Затоа KumanovoNews не сноси одоговорност за содржината на истите.*