×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Нови цени – стари болки

    Милутин Станчиќ

    Основната дилема кај повеќето граѓани е прашањето што ќе добиеме за тие пари. Дали ќе се подобри или измени севкупната инфраструктура, асфалтната подлога и сигнализација, па поради тоа беше неминовно да дојде до зголемување на цената. А ситуацијата на терен, е токму спротивна. Многу повеќе дупки и крпеници, одколку чист асфалт. Делницата од Скопје до Куманово практично е подолг период неупотреблива на десната страна од автопатот. Што од дотраеноста, што од товарот на камиони, патот е преполовен. Вдлабнат – уништен. Оние кои често го користат ги избегнуваат опасните зони, но оние кои првпат го возат се стекнуваат со многу опасно и непријатно искуство. Поискусните возачи ја користат само левата страна на патот, но со тоа ги кршат сообраќајните правила и можат да се соочат со санкции од собраќајната полиција.

    Во екот на туристичката сезона, сосема необјаснива е и таксата за странците во тарифниот модел на наплатата на патарините. Па така, домашните 60 денари, странците „по слово на закон“ ги чини 1,50 евро, иако официјалниот курс вели дека за 61,7 денари се добива едно евро. Втората категорија на делницата по македонскиот друм чини 80 денари, а за странците „вреди“ 2 евра. Логиката и не мора да се бара. Ја нема. Нема многу ни грижи што најновите чекања на наплатниот пункт Романовце деновиве се и до 30 минути. Тамам толку колку што е потребно време да се дојде од Скопје до Куманово.

    “Прописно“ тарифирање ја опфаќа и праксата странците кои ќе платат со 10 евра да добијат кусур во денари!? Никој не ги прашува што со непредвидливиот вишок. Нека се снаоѓаат. А да посакаат да ги сменат парите, нема менувачница на излез од земјава на преминот Табановце. Нема логика. Е нема. И додека ревносно се применуваат новите цени, старите болки за патниците – домашни и(ли) странци, остануваат.

    Сообраќајната сигнализација пак е посебна приказна. Така на дел од делницата Скопје – Куманово на исклучувањето за Крива Паланка, невозможно е човек да ја пронајде таблата и патоказот за Свети Николе! Постои само патоказ „Хотел 200 метри“. Името на објактот - „Сателит„, некаде исчезнал. На излезот од Куманово во делот кај населбата Карпош, видливо е исклучувањето за Крива Паланка, десно. Ама е нејасно каде пак води патот право, бидејќи нема никаква табла за Скопје. Слична слика се воочува и кај делницата Крива Паланка – Куманово, кај исклучувањето за автопатот каде „недостасува“ знак на патот на кој е забранет сообраќајот за возила од насока на кој е свртен знакот. Иако станува збор за автопат.

    Меѓутоа, пак, беспрекорно се поставени новите табли со имињата на автопатот Александар Велики, Мајка Тереза, Гоце Делчев... Затоа на место се коментарите на социјалните мрежи, дека наместо Александар, Дупките се големи, а дека делницата Скопје – Велес може да се преименува како и книгата - Крпен живот.

    Милутин Станчиќ, раководител на Културниот центар на Србите во РМ - Спона

    Милутин Станчиќ

    *Ставовите изнесени во колумните не се ставови на редакцијата на KumanovoNews. Затоа KumanovoNews не сноси одоговорност за содржината на истите.*