×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Осврт на европското првенство во одбојка

    Марјан Стошевски

    Избраниците на Дмитри Воронко предводена од феноменалниот Дмитри Мусерски немаа достоен ривал и беа доминатна репрезентација. На шампионатот  натпреварите се одиграа во неколку градови во Данска:Одензе, Харнинг и завршницата во Копенхаген, како и во полсските Гдањск и Гдиња.

    Најпрво во воведот би се осврнал за квалитетот на турнирот и учинокот на најдобрите репрезентации на шампионатот.

    Квалитетот на првенството според анализа на одбојкарските стручњаци, може да добие добра оценка, бидејќи на него видовме  атрактивна одбојка,  врвни потези на некои поединци, но и  плејада на нови млади поединци, од кои очекувањата се дека во наредните години, ќе придонесат за нов квалитет на следните континенентални шампионати.

    Како предигра на големото финале во борба за бронзениот медал се сретнаа старите балкански ривали Бугарија и Србија, во кој славеа избраниците на Колаковиќ со 3-0.

    Иако според многумина Бугарите беа фаворити (пред се заради искуството), на теренот подмладениот српски состав во текот на натпреварот во сите сегменти беше многу подобар и заслужено славеше победа со 3-0. Предводени од најдобриот поентер на првенството 22 годишниот Александар Атанасијевиќ (според мојата проценка во овој момент најдобар млад одбојкар во светот), го одиграа натпреварот перфектно, со многу малку грешки и заслужено стигнаа до бронзениот медал. Голема помош во победата придонесе  и разбудениот Ковачевиќ, потоа средниот блокер Лисинац и откритието на првенството плејмејкерот 21 годишниот Јововиќ, кој со големо чувство извршуваше дистрибуција кон своите соиграчи.

    Најефикасни на натпреварот во Србија беа Атанасијевиќ кој поентираше 22 пати и Ковачевиќ со 20 поени.

    Очигледно е дека репрезентацијата на Србије изврши навремена смена на својата генерација по откажувањето на големите звезди Миљковиќ и Никола Грбиќ, кои се простија од репрезентацијата. Оваа селекција има млади и квалитетни одбојкари (добро селектирани),  кои веќе на следните големи натпреварувања, имаат реални шанси да атакуваат на најсајниот медал.

    Што се однесува до бугарската репрезентација предводена од Италијанецот Камило Плаѓи, првенството го одиграа добро, но се поставува како голема дилема, дали резултатскиот учинок ќе беше поинаков, доколку за Бугарите настапуваше феноменалниот Матеј Кајзиски, кој од нејасни причини не настапи на првенството. Љубителите на одбојката знааат дека се работи за светска класа, врвен поентер, кој реално многу им недостигаше на нашите соседи. Бугарската репрезентација со еден вистински поентер ( Цветан Соколов), без соодветна помош пред се од Скримов и Јосифов, не можеше да очекува поинаков резултат.

    Меѓутоа репрезентацијата на Бугарија има квалитет за големи првенства, верувам дека има уште многу да прикаже на следното соочување.

    Во големото финале пред 15.00 гледачи на фудбалско игралиште ( преадаптирано во одбојкарско), веднаш се виде дека избраниците на Воронко се спремни да покажат дека немаат намера да го испуштат златниот медал.

    Онаа што Русите го демонстрираа во финалето е вистински феномен. Целата екипа е извонредна на сите позиции, која ја предводат средните блокери Апаликов и мусерски, потпомогнати од извонредните понтери Павлов и Бережко.

    Треба да се спомене и извонредниот племејкер Сергеј Гранкин, кој на маестрален начин ги разигруваше своите соиграчи. Во секој случај Гранкин се покажа како одлична замена за легендарниот Сергеј Ушаков, кој ја заврши кариерата.

    Со овој триумф Русите ја продолжија доминацијата - по светската лига, светското првенство на своето конто ја впишаа и златната европска медала.

    Ако направиме во овој момент реална анализа, кој освен Бразил може да ги симне од тронот Русите, тоа според мое уверување е репрезентацијата на Србија, која беше најрамнопправен ривал на првенството и имаше шанси да го изненади фаворитот.

    Дали овие прогнози се реални ќе покаже веќе следното големо натпреварување.

    На првенството по завршувањето на финалето беа избрани најдобрите поединци.

    Најдобар коректор - Лука Ветори ( Италија)

    Најдобар сервер - Иван Зајцев ( Италија)

    Најдобар либеро - Алексеј Вербов ( Русија)

    Најдобар техничар - Сергеј Гранкин ( Русија)

    Најдобар поентер - Алексансар Атанасијевиќ ( Србија)

    Најдобар среден блокер  - Среќко Лисинац ( Србија)

    Награда за фер плеј - Дејан Јововиќ ( Србија).

    На крајот сосема заслужено најдобар играч на првенството му припадна на 218 см високиот средниот блокер Дмитри Мусерски, кој доминираШе на првенството со своите игри и преставуваше непреодна пречка на мрежата за своите конкуренти.

    Како новина која ќе се применува веќе од следното големо натпреварување е скратување на поените по сетовите, кои од сегашните 25 поени се сведуваат на 21. Со овие новини челниците на меѓународната одбојкарска федерација ќе се обидат да му дадат нов побрз импулс во играта и поголема атрактивност на оваа  интелигентна игра, која од година во година станува се поипримамлива  за младите генерации.

    Марјан Стошевски, спортски новинар

    Марјан Стошевски

    *Ставовите изнесени во колумните не се ставови на редакцијата на KumanovoNews. Затоа KumanovoNews не сноси одоговорност за содржината на истите.*