×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Политичките партии постојат заради народот

    Зоран Колевски

    Деновиве гледам на електронските и социјалните мрежи, дека политичките партии веќе отпочнаа со промовирање на можни кандидати за првите луѓе на општините, за претстојните локални избори што треба да се одржат во првата половина на 2013 година. Сето тоа е добро за да се остави поголем простор за претставување и запознавање на самите кандидати, за нивните квалитети, докажаноста во работата досега и спремноста да делуваат на одговорните функции на кои претендираат. Има нешто многу битно, според моите согледувања и анализи од минатото, дека Вие драги граѓани, за политичките партии постоите и сте живи суштества само во период на изборите. По завршување на изборните циклуси, Ве одлагаат и Ве ставаат на некој пуст остров кој не е интересен за нив, се до наредните избори. Едноставно во период на нивното владеење, Вие како и да не постоите за нив, бидејќи немаат потреба од Вас. Времето на Вашето постоење доаѓа дури со доаѓање на времето на нови избори.

    Сега е време токму на Вашата анализа околу тоа какви личности сакате и од која политичка партија да бидат први луѓе на Вашата општина, односно да процените дали предложените кандидати имаат решителност и визија за подобро обавување на функцијата од претходниците. Поточно, дали се спремни да ја реализираат предложената програма за подобро функционирање на општините, онака како што Вие тоа го очекувате од нив. Ќе напоменам, внимавајте на сето она што може да произлезе од нивните кујни, за однапред приготвената храна за да ја искусите. Ќе Ви се сервира се она што го посакувате, иако може никогаш нема да се оствари. Бидете претпазливи во изборот на храната, оти од неа може да Ви се слоши отпосле, а за што потешко ќе најдете решение.

    Со години наназад анализирав доста различни граѓански движења, асоцијации и здруженија, а во некои од нив бев и активен член. Народот секогаш ми бил во прв план, а не само додека трајат изборите на раководствата и другите тела на тие асоцијации. Најчесто народот не се ни споменува или е на маргините, а се се работи во негово име. Според мој заклучок, испаѓа дека народот постои заради разните организации па и политичките партии, а не обратно, политичките партии и другите организации да постојат за народот. Наместо политичките партии да бидат сервис на граѓаните, испаѓа обратно. Затоа сакам да напоменам дека граѓаните сега се на потег да донесат правилна одлука, па затоа треба добро да размислат кому ќе му ја дадат довербата да владее во нивно име. По којзнае кој пат ќе се обидат да Ви ги исперат мозоците, но овојпат не дозволете да погрешите. Секој кој прескокнува ограда, а не влегува на врата, тој не Ви е пријател, туку библиски кажано тоа е волкот во овчја кожа кој може да уништи се само ако му ја дадете Вашата доверба, односно Вашиот глас.

    Сегашната актуелна власт повеќе од година дена ја промовира тезата наречена „Граѓанинот е на прво место“, но дали обичниот граѓанин се чувствува така. Граѓанинот е на прво место само кога треба да му се земе нешто, присилно да му се наплати некоја давачка и слично, инаку за се друго само на хартија е на прво место, и на пропагандно рекламните спотови што се прикажуваат на провладините медиуми.

    Веќе неколку години испитував и истражував за големите мозоци, од ниво на големите светски заговори, каде секогаш се сведува на претходно добро рекламирање и заведување, преку што вешто им ги мијат мозоците на граѓаните. Заради тоа се создадени институти со разни лаборатории, каде го проучуваат човековото мислење и анализираат што во дадениот момент му е најпотребно, па тоа и му го сервираат. Американско- британскиот институтот ТАВИСТОК – за човечки односи ( односно за перење на мозоци, м.з),  има за задача да отвори пат кон некој нов светски поредок, па како таков зазема многу високо место во хиерархијата на уредувања од тој вид. Затоа граѓание треба да бидат многу внимателни и се оградат од таквите анализи и испитувања. Ако некој еднаш ги завел, не треба да дозволат тоа да го стори по втор пат. Ако граѓанинот минал низ пустината, подобро да оди напред кон црвеното море и да не се враќа назад, бидејќи тој сега е на прво место а не статуите на кои треба да им се клања, дури и за корка леб.

    Граѓаните треба да се обидат да го пронајдат вистинскиот лидер кој ќе ги спаси од голготата во која западнале. Треба да го паметат но не да се навраќаат кон минатото, туку да се свртат кон иднината која постои заради нив. Иднината е токму сега во нивни раце, бидејќи сега тие се на потег, во мигот на гласањето на претстојните избори. Овие избори се битка за подобро утре, битка која мора да ја добијат граѓаните. Но во оваа битка не треба да влезат неподготвени, со голи раце. Треба да се наоружаат со сите можни информации за кандидатите кои сакаат да ги придобијат, како би можеле да донесат вистинска одлука. Треба да им ја дадат довербата на вистинските, зошто ако згрешат можноста да се исправи грешката е дури на следните избори.

    Советник на СДСМ во Советот на Општината Куманово

    Зоран Колевски

    *Ставовите изнесени во колумните не се ставови на редакцијата на KumanovoNews. Затоа KumanovoNews не сноси одоговорност за содржината на истите.*