×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Спортско Куманово

    Mарио Доневски

    Низ годините и спортот имаше свои воздигнувања и свои падови, но кумановчани никогаш не се откажаа од него. Уште од времето кога Шевро Куманово го освои Македонскиот куп, па се до ден денеска, ги славиме победите и достигнувањата со огромни чувства и љубов кон градот, спортистите и публиката која несебично ја дава својата поддршка за успех и доминација на теренот. Но за жал овие чувства веќе не се универзални како што би требале да бидат, бидејќи сега постојат индивидуи и групи кои што се спремни да го критикуваат и најголемиот успех на кумановските спортски клубови. Дали се тоа несовесни граѓани или под-институции на власта која што е опозиција во Куманово, оставам на вас читателите да одлучите, откако ќе ви ги изнесам сите информации и факти на оваа тема. Неколку години кумановскиот спорт беше избришан од јавната сцена, а на бодовните табели се наоѓаше онаму од каде што секој кумановец би се засрамил и запрашал што не е во ред со нашиот спорт? Дали славните денови на кумановскиот спорт избледеа во пресрет на интересите на клупските управи и финансиери на истите, коишто не случајно беа под покровителство на власта и владеачката партија, и парите наменети за спорт одеа во реторски правци? Драги читатели тоа беа времиња во кои спортот имаше намена за се освен за она што требаше – да се постигнат одлични резултати и Куманово да го задржи имиџот на победник и успешен спортски град. 

    За среќа на сите, нови времиња и нови сили и тенденции стапија на сцена во оној момент кога градоначалникот на Општина Куманово Зоран Дамјановски и Советот на Општина Куманово го зедоа спортот под своја закрила и го спасија од пропаѓањето во калта на партиските профитери од редовите на актуелната партија на власт. Во овие напори кошаркарскиот клуб Куманово беше освежен и помогнат од страна на Општина Куманово, а не многу подоцна истата го оживеа ракометот и одбојката во градот. Финансирајќи го спортот Општината помогна клубовите професионално и духовно да се издигнат, чие што задоволство се манифестираше во самите натпревари а позитивниот финален резултат беше голем поттик Општина Куманово да се гордее со своите ангажмани и успеси. Ова се фактите кои што опозициската партија во Куманово ги заборава или свесно ги игнорира, и фрла прав во очите на граѓаните пласирајќи информации за неправилности во управувањето со спортот под изговор дека општинските пари се трошат неправилно во спортот, и дека за претседатели и членови на управите во клубовите се поставуваат лица од партискиот ешалон на СДСМ од Куманово. Овие “нејаснотии” би сакал да ги расчистам со тоа што ќе наведам дека клубовите работат со огромна ангажираност и со полн капацитет на претседателите и останатите во управата за да се обезбедат дополнителни средства и услови кои не донесоа до сегашните резултати и успеси. Без разлика дали тоа се партиски луѓе или совесни граѓани, сите тие доброволно и безрезервно ги вложуваат сите напори да се достигнат невидени успеси за кои конечно, денеска секој граѓанин на Куманово знае и се радува. 

    По 20 години во сенка, Кумановскиот ракомет повторно се враќа на европска сцена, откако ја докажа својата маестралност и успех во ракометот на домашната сцена, совладувајќи ги скоро сите домашни противници и заедно со Вардар и Металург заминува да се натпреварува во ЕХФ европскиот куп. Женскиот ракометен клуб исто така се пласира во европскиот куп. Ова се резултатите кои не смееме да ги заборавиме како граѓани на Куманово и да се заблагодариме на оние коишто ни ја овозможија оваа радост и гордост.

    Во последно време се почести се обвинувањата до градоначалникот Зоран Дамјановски и Општината на Куманово дека недоволно се водело сметка за спортот и недоволно се вложувало во изградба на нови спортски капацитети. На сите оние кои произлегуваат со вакви обвинувања би сакал да им препорачам да излезат од партиските перални на мозок и да прошетаат малку низ својот град и да ги воочат изградбите на нови училишни спортски сали, реконструкциите на игралишта низ градот и изградбата на затворениот олимписки базен кој претставува огромна инвестиција на полето на спортот. Кумановци се луѓе кои го разбираат и сакаат спортот и верувам дека неможе било кој да манипулира со нивните сваќања и погледи кон денешната состојба во спортот. Но за среќа, Кумановци се луѓе коишто знаат да ги препознаат вистинските спортски и општествени вредности и ја даваат својата поддршка на оние коишто се борат за поддобар спорт во градот и создавање на подобри услови за спортување кај младите генерации. Сите останати кои ги поддржуваат овие проекти и се радуваат на спортското воздигнување на еден досега невиден степен, би сакал да ги поздравам со мислата дека Куманово не веќе само “Куде Тумбу Три Бандере” туку Куманово е Европски град со Европски ракомет и Европски успеси благодарение на човекот кој направи најмногу за нашиот град – Зоран Дамјановски.

    Портпарол на СДММ Куманово

    Mарио Доневски

    *Ставовите изнесени во колумните не се ставови на редакцијата на KumanovoNews. Затоа KumanovoNews не сноси одоговорност за содржината на истите.*