×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Што стана со пописот 2011?!

    Драган Јаневиќ

    Секако дека ќе се запрашате, а пак и ние да се потсетиме што всушност се случи минатата 2011 година во оваа време, кога долго најавуваната и најзначајната статистичка операција во државата  се прекина по тринаесетиот ден од нејзиното започнување, односно 2 дена пред нејзиното завршување. И на четиринаесетиот ден наеднаш молк… Кога владата на ДПМНЕ официјално објави дека пописот го прекинува со цел да се спречат можните фалсификати при пописот кои би имале далекусежни последици..!!!!!!!!!... и .... толку. Без и малку да се наведат вистинските причини за овој потег. Невиден гаф........ скандал par excellence, кој неповратно го урива угледот на Република Македонија како народ и како држава.

    Одговорот е дека Владата на ДПМНЕ очигледно не е способна да спроведе една сеопфатна операција која се вика попис на население. Всушност на дело се покажа дека таа воопшто нема капацитет да ја води државата кон посакуваната цел и во вистинската насока при што веднаш паѓа на испит пред првите посериозни пречки кои се јавуваат пред неа. Едноставно, таа е самобендисана и не е способна да се носи со тешките предизвици кои стојат пред неа и покрај многуте фалби и саморекламирања со народни пари за постигнатите сопствени успеси.

    Само за потсетување дека за оваа авантура на владата, беспотребно се потрошија околу 15 милиони евра од џебот на граѓаните на РМ, но и да го запрашаме нашиот премиер дали мисли дека граѓаните на Македонија имаат толку кратко паметење, па така лесно заборавија дека пописот 2011  остана негова незавршена работа и дека тоа се заврши како се заврши и...никому ништо...

    За тоа Премире во нормална правна држава се сноси одговорност. Но сите гледаме вам ништо не ви фали, или пак законите во оваа држава не важат за премиерот и неговите министри од владата.

    Помина една година од незавршен попис на население 2011, се прашуваме кога и дали мисли оваа статистичка операција владата  да ја организира и спроведе по сите нормативи и стандарди кои се бараат за една ваква тешка и сложена статистичка операција како што е пописот и тоа јавно да го каже.

    Дали премиерот како прв човек во владата е спремен на ваков чин и дали ги има направено сите неопходни подготовки што се бараат за ваква операција, а кои владата ги имаше како пропуст при попис 2011, или пак с’е ќе си биде по старо, па така ќе си помине и оваа година, па догодина во 2013 нови избори ... и се така по ред...

    Секако ние од ЛДП само сакаме да потсетиме дека незавршен попис 2011 веќе сега ги има негативните дејствија и дека ќе продуцира уште потешки и подалекусежни последици врз сегашност и идниот развој на Р.М како држава. Со точно неутврден број на население може да се манипулира со бројноста на населението и да се злоупотребува особено при изборите, а кои, ќе се сложите веќе се на праг. За жал последиците од овој чин веќе се чуствуваат и во практичниот живот преку лошо планиран буџет за 2012 што за последица го имаше направениот ребаланс на буџетот за 2012 год само 2 месеци по негово усвојување, зголемување на цените на енергенсите (струја,парно и бензините), зголемените животни трошоци и се поочигледната инфлаторна спирала која секојдневно оди по нагорна линија, а кое нешто како директен одраз го има во перманентно паѓање на животниот стандард на населението. А есента и зимата се на праг !!!

    Како ќе се протолкува фактот што сите соседни земји оваа операција ја имаат завршено како треба. Значи ли тоа дека Р.М е помалку вредна како држава од своите соседи?

    Значи ли тоа дека државата Македонија нема капацитет самата да си ги извршува сопствените обврски. Граѓаните на Република Македонија со право го очекуваат одговорот од оваа влада.

    Либерално Демократска партија

    Драган Јаневиќ

    *Ставовите изнесени во колумните не се ставови на редакцијата на KumanovoNews. Затоа KumanovoNews не сноси одоговорност за содржината на истите.*