×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Денеска цените на нафтените деривати не се менуваат

    14.03.2022 15:08 | Сузана Николиќ

    Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) денеска нема да носи одлука за промена на малопродажните цени на нафтените деривати. Како што велат од РКЕ, нема предуслови за да се корегираат цените на нафтените деривати и затоа цените остануваат исти.

    Денеска цените на нафтените деривати не се менуваат

    Денеска и утре остануваат да важат актулените цени на нафтентите деривати, односно еуросупер БС – 95 и понатаму ќе се продава за 86,5 денари за литар, еуросупер БС – 98  за 88,5, еуродизел БС (Д-Е V) за 88, екстра лесното масло за горење (ЕЛ-1) за 83,5 денари за литар, а мазутот М-1 НС за 60,914 денари за килограм.

    Со последните измени на правилникот за одредување на малопродажните цени на нафтените деривати РКЕ може секој ден да носи одлуки за промена на цените на нафтените деривати доколку пресметката за цената на било кој нафтен дериват оди нагоре или надоле за два денара. За пресметката РКЕ го зема просект од претходните петдневни котации на берзата и воопшто не влијае цената на суровата брент нафта на светскиот пазар. Со оглед дека за викенд нема тргување на берзата се разгледува просекот од цената на секој нафтен дериват посебно што ја имал од понеделникот заклучно со петокот минатата недела.