×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Димитар Ковачевски нов претседател на СДСМ

    12.12.2021 21:03 | Сузана Николиќ

     Кумановецот Димитар Ковачевски, актуелен заменик-министер за финансии, е нов претседател на СДСМ, откако освои убедливо мнозинство гласови на денешните внатрепартиски избори. 

    Димитар Ковачевски нов претседател на СДСМ

    На вонредните избори  со 37.649 гласови ги победи неговите противкандидати Јован Деспотовски кој освои  3.319 гласови и Фрoсина Ременски 2.836 гласови.  Неважечки се 602 гласачки ливчиња.

    „Вечерва СДСМ е победник, одржа уште една лекција од демократијата. Сакам да ви се заблагодарам што гласавте за нов лидер на партијата. Што гласавте за мене, што ми дадовте поддршка", изјави Ковачевски, по прогласување на победата.

    Тој им се заблагодари и на двајцата противкандидати, Фросина Ременски и Јован Деспотовски.

    „Наша е одговорноста за се што ќе се случува во партијата но и во државата. Ни треба силен и обединет Социјалдемократски сојуз.  Секогаш кога СДСМ е силен, државата оди напред. Ние сме столб на прогресивниот дел од општеството", рече Ковачевски и додаде дека од утре мора да ги засукаат ракавите и да се фатат за работа.

    Тој му се заблагодари на досегашниот претседател на СДСМ, Зоран Заев, кому му беше фаворит на овие избори.

    „Дозволете ми да му се заблагодарам на досегашниот претседател Зоран Заев. Со неговата храброст сите не мотивираше и инспирираше. Заедно со граѓаните го сруши режимот на Груевски, ја внесе државата во НАТО, и на чекор до ЕУ. Не научи што е лидерство и партиско другарство", рече Ковачевски.

    На денешните избори на 194 гласачки места гласале 44.406 членови на СДСМ, односно 86,5 отсто од регистрираните членови.