Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Цената на дизел горивото од полноќ се намалува за 3 денари за литар, а цените на бензините ЕУРОСУПЕР-95 и ЕУРОСУПЕР-98 остануваат со истата цена, одлучи вечерва Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ).
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 1,615 денар/килограм и сега ќе изнесува 59,299 ден/кг.
Од полноќ (16.март) новите цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 - 86,50 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 - 88,50 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) - 85,00 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) - 81,00 (денари/литар)
Мазут М-1 НС - 59,299 (денари/килограм).