×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • „Индекси и пријателите“ во Скопје по повод 60-тиот роденден

    20.10.2022 08:38 | KumanovoNews

    Паралелно со големиот интерес од публиката за концертниот спектакл „Индекси и пријателите“, расте и бројот на исполнувачи кои ќе се појават во Скопје на 28 октомври 2022 од 20 часот во Филхармонија. 

    „Индекси и пријателите“ во Скопје по повод 60-тиот роденден

    По повод 60-годишнината од основањето на култниот сараевски бенд компанијата MUSIC TIME организира и продуцира пет големи регионални концерти, од кои еден ќе се одржи и во Скопје. Дека станува збор за спектакл говори и фактот што речиси половина од капацитетот на концертната сала се распродаде во првата недела по најавата за настанот, каде на сцената се очекува да се појават 20-тина врвни изведувачи и музичари од регионот.

    Овој интересен и емотивен проект ни ги носи безвременските хитови како „Бацила је све низ ријеку“, „Сањам“, „Баладаa“, „Да сам ја нетко“, „Све ове године“, „Плима“, „Јутро ќе променити све“.

    Од различни краеви на светот за концертот се собираат живите членови на бендот: Фадил Реџиќ, Нено Јурин, Мирослав Шарановиќ, Синан Алимановиќ, Пецо Петеј, Владо Правдиќ, легендарниот клавијатурист на Бијело Дугме кој музичката кариера ја започна во Индекси, и гитаристите Мурис Варајиќ и Иван Кукиќ.

    На сцената нẻ очекуваат пејачи со одлични вокални квалитети: Дадо Топиќ, Саша Драгаш, Дејан Цукиќ, Бранко Ѓуриќ–Ѓуро, Дино Јелушиќ, Нермин Пушкар, Бојана Стаменов, Амел Ќуриќ, Аида Мушановиќ- Арсиќ, Тамара Тодевска, како и Сара Војичиќ, и Нено Белан кои настапуваат и на концерот во Сараево.

    Индекси е најдолготрајната и најзначајната босанска поп-рок група и една од најдобрите екс-ју бендови која жареше и палеше од 1962 до 2001 година. Во тој период беа објавени два студиски албуми, 27 синглови и 12 компилациски албуми, но познато е и дека повеќе нивни песни досега не се објавени. Својот прв настап Индекси го имаа есента 1962 година во сараевскиот Дом на милицијата. Во почетокот тие свиреа инструментална музика и обработки на светските хитови на нивните идоли The Shadows, The Kinks и Cliff Richard, а подоцна почнаа да снимаат и свират свои песни. Последниот концерт на Индекси се одржа на 5 мај 2001 година во Бања Лука, во салата Борик. По смртта на ненадминатиот пејач Даворин Поповиќ на 18 јуни 2001 година, групата се растури. Гитаристот Слободан Бодо Ковачевиќ почина на 22 април 2004 година, тапанарот Ѓорѓе Кисиќ на 25 ноември 2005 година, а неодамна нè напушти и легендарниот Корнелије Бата Ковач.

    Билетите се продаваат на karti.com.mk.

    2008 - 2022 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk