×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Мицкоски реизбран за претседател на ВМРО-ДПМНЕ

    12.12.2021 19:14 | Сузана Николиќ

    Со 489 гласови „за“ и три неважечки ливчиња од присутните делегати, актуалниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски е реизбран за претседател на партијата на денешниот Конгрес.

    Мицкоски реизбран за претседател на ВМРО-ДПМНЕ

    Во поздравното обраќање Мицкоски пред делегатите на Конгресот рече дека ова е порака за обединување и заедништво.

    „ВМРО-ДПМНЕ излегува посилно, со поголем елан и енергија за времињата што следуваат. Ако има некој што се сомнева дека ВМРО-ДПМНЕ може да донесе сигурност во ова општество, денешниот ден е одговор на тие сомнежии и прашања“, порача Мицкоски.

    На Конгресот под мотото „Нова генерација за нова иднина“ беше усвоена и нова Доктрина на партијата со 16 клучни точки за идното дејствување на партијата, која според партиските челници ќе ја донесе на власт.

    Мицкоски најави дека партијата влегува во „втора епоха“, во која е потребно да се направи „општествена мобилизација на секоја интелектуална сила и поединец во земјата, да се допре до секоја слободомислечка индивидуа и да си подадеме рака во насока на преродба на државата, обнова и промени во партијата и во државата кои ќе ја донесат новата иднина“.