Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Министерот за правда Бојан Маричиќ, во присуство на претставниците на УПОЗ и Независниот синдикат на судска полиција, го потпиша правилникот за зголемување на платите на судската полиција.
Со ова се решава долгогодишниот проблем на овие службеници кои бараазголемување на платите. Потпишувањето на правилникот е резултат на повеќе месечните преговори.
Со него се предвидува процентуално зголемување на платата во зависност од тоа во кој суд работат службениците. Зголемувањата изнесуваат од 8% до 18%. Најголемо зголемување добиваат Основниот Кривичен и Основниот граѓански суд во Скопје.
Министерот Маричиќ на УПОЗ и Независниот синдикат на судска полиција им се заблагодари за конструктивниот дијалог, потенцирајќи дека Министерството за правда се залага за севкупно подобрување на стандардот и условите во кои работи судската полиција.
Претставниците на УПОС и Независниот синдикат на судска полицијана изразија благодарност и задоволство што после многу апели и протести конечно се реши нивниот проблем. Тие на министерот му ја пренесоа пораката дека ова за нив е значаен чекор, на кој гледаат како на конкретен чекор за решевање на нивните проблеми.