Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Претседателот Стево Пендаровски денеска му го врачи мандатот за составување влада на новиот лидер на СДСМ Димитар Ковачевски. Сега тој има рок од 20 дена да му поднесе програма на Собранието и да го предложи составот на новата влада.
Ковачевски истакна дека од денеска започнува со формирање на новиот тим луѓе кои треба да одговорат на сериозните предизвици кои не чекаат веќе од почетокот на следната година.
„Живееме во турбулентни времиња, времиња на кризи и неизвесности. Соочени сме со долгогодишни проблеми кои го попречуваат напредокот на државата и остварување на стратешките цели. Ваквите времиња бараат стабилни, одговорни и храбри луѓе кои ќе понесат одговорност да се соочат и да ги надминат сите препреки со цел заштита и грижа за граѓаните. Новата Влада ќе има јасна цел - обезбедување сигурност, подобар живот и светла иднина за нашите граѓани. За тоа е потребно ефикасно, чесно и одговорно владеење што ќе биде одлика на тимот кој јас како мандатар ќе го составам. Moja лична заложба е да ја вратиме довербата на граѓаните во политиката и институциите. Мора сите заедно да се стремиме кон градење независни институции и правично општество ако сакаме да ни веруваат оние на кои им служиме“, кажа Ковечевски.
Тој додаде дека новата Влада јасно ќе ги дефинира приоритетите за работа и ќе се посвети на клучните проблеми со кои се соочуваат граѓаните, а тоа е економската несигурност и животниот стандард. Најави силен фокус на економскиот развој на земјата и финансиска поддршка за семејствата.