Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
На сите вработени во здравството ќе им се зголеми платата за 5 отсто во претстојната 2022 година, за што се издвоени вкупно 600 милиони денари од Буџетот.
Министерот за здравство Венко Филипче и синдикалните здруженија на здравствените работници денеска потпишаа анекс на колективниот договор, според кој ќе се реализира најавеното покажување на платите.
„Во изминатите 4 години оваа Влада го врати достоинството на лекарите и медицинскиот персонал. Основната плата на лекарите специјалисти ја зголемивме за 40%, на медицинските сестри помеѓу 20% и 23%, на општите лекари за 25%, а на здравствени соработници за 15%. Платите на лекарите специјалисти некаде се дуплирани“, истакна Филипче по средбата со синдикалните претставници од здравството.
Тој посолува и дека е корегиран коефициентот за дежурства. На младите специјализанти, пак, им е овозможено здравствено осигурување, платени дежурства и месечен надомест во висина на основна плата на општ лекар.