×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Се разгледува можноста за намалување на цената на патарините, најави Бочварски

    23.03.2022 20:55 | Сузана Николиќ

    Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски вечерва најави дека Владата разработува модалитети и разгледува можности за тоа колку може и дали е можно да се намалат цените на патарините. 

    Се разгледува можноста за намалување на цената на патарините, најави Бочварски

    Истовремено се работи и на воведување на електронска наплата на патарини со што ќе се намали уделот на човечкиот фактор.

    „Во 2015 година започна проектот за реконструкција на електронските патарини. Ние веќе работиме и на Коридор 8, патарината кон Куманово е веќе изреконструирана, ќе се работи и на оние кон Тетово и Гостивар со цел да имаме целосно електронска наплата на патарини со што ќе се намали уделот на човечкиот фактор во однос на овој процес,“ рече Бочварски на ТВ Сител.

    Бочварски вели дека моделот со винетките не е доволно праведен .

    Тој посочи дека 46,4 милиони евра се собрани од наплата на патарини минатата година во ЈП за државни патишта.

    „Оваа година, имаме најголем буџет за изградба и реконструкција на патишта, односно над 350 милиони евра, што значи дека многукратно повеќе се вложува во текот на годината односно тоа е проектиран буџет најголем во историјата на независна Македонија за изградба и реконструкција на патишта,“ потенцира Бочварски.