Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Матичните лекари од понеделник најавуваат штрајк, поради што пациентите уште денеска можат да земат упат за специјалист на Мој термин.
Фото: pxfuel.com
Од понеделник лекарите ќе бидат на своите работни места, но нема да издаваат рецепти и нема да закажуваат прегледи кај специјалисти. Со државниот празник 8 Септември во четврток се губи цела недела во опслужување на пациентите.
Причините за незадоволство на лекарите се големата скапотија и проблемите во работењето со кои се соочуваат веќе подолго време. Бараат зголемување на капитацискиот бод, електронско здравство, повисоки буџети за специјалисти и за амбулантите во руралните средини, како и решавање на проблемите при преземање на пациентите на пензионираните лекари.
Граѓаните реагираат дека и овој штрајк ќе се прекрши на грбот на пациентите, посебно на постарата популација, кои почесто имаат потреба од нивните услуги. Но, од друга страна имаат разбирање за нивните барања. Од Министерството за здравство велат дека работат на изнаоѓање на решение. Во приватната здравствена заштита има околу 1500 лекари.
О. Пешевска