Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Укинување на задолжителното поседување негативен ПЦР тест или потврда за прележаност на ковид-19 или вакцинација при излез од земјава, а бремените жени да се вратат на работа, се двата предлога што Комисијата за заразни болести ќе ги достави до Министерството за здравство откако епидемиолошката состојба во земјава почна да се смирува.
„Тоа не значи дека во земјите каде е потребно да се поседува сертификат или ПЦР дека нема да се бара туку се укинува само мерката од минатата година дека треба овие документи да се прикажат при излез од нашата држава“, рече д-р Злате Мехмедовиќ од Комисијата за заразни болести.
За бремените жени рече дека се предлага да се укине ослободувањето од работа согласно препораките од релевантни институции и од примерите во светот каде силно се препорачува бремените жени кои планираат бременост, се бремени или дојат да се вакцинираат и на тој начин да го заштитат своето здравје.
Овие предлози треба да се разгледаат на Главниот кризен штаб, а да ги одобри Владата.