Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
ВМРО-ДПМНЕ од утре ќе почне со собирање на потписи за распишување на референдум за раскинување на Договорот за добрососедство со Бугарија.
Референдумското прашање ќе гласи: „Дали сте за напуштање на важноста на Законот за ратификација на Договорот за пријателство, добрососедство и пријателство меѓу Македонија и Бугарија објавен во Службен весник бр. 12/2018 од 18 јануари 2018“.
Според лидерот на опозициската партија Христијан Мицкоски овој Договор е извор на сите проблеми за земјава и основата на која Бугарија ги темели своите максималистички барања.
„Според ИК на ВМРО-ДПМНЕ наметнати и потценувачки се условите за бугаризација и идентитетско редефинирање на Македонија. Поддржуваме интеграција во ЕУ, но не и асимилација, промена на историските факти и идентитетско обезличување“, изјави вечерва Мицкоски, по како што рече едномесечни широки консултации со експерти, професори, правници, пратеници, коалициски партнери.
Мицкоски очекува дека референдумот ќе биде успешен односно народот ќе се изјасни за штетниот договор со Бугарија и очекува дека власта нема да го бојкотира.