Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Централниот одбор на СДСМ донесе одлука претседателот на партијата и премиер Зоран Заев да не поднесува оставка од функцијата додека не се реши состојбата во која се наоѓа државата во моментов.
Членот на Централниот одбор и градоначалник на Валандово Перо Костадинов, кажа дека оставката на Заев е одложена за неодредено време.
„Беше отворена плодна и демократска дискусија во којашто членовите на ЦО имајќи ги во предвид пред се случувањата во државата и моментот во којшто се наоѓаме, едногласно донесе одлука премиерот да ја одложи оставката на неодредено време додека овие процеси не се нормализираат и да работи на тој план“, изјави Костадинов.
Тој додаде дека државата после многу години режим продолжува и се гради според европските вредности и затоа СДСМ се исправува на висина на таа задача и наредниот период ќе работи исклучиво во интересите на граѓаните и на можноста којашто е исправена пред нас државата да западне во нова криза и да биде ставена во некои ретроградни процеси.
Претседателот на СДСМ и премиер Заев по поразот на локалните избори на 31 октомври најави дека ќе поднесе оставка од двете функции.