×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Со селективно споделување на делови од студија се фрла сомнеж дека ковид скринингот е опасен

    Со селективно споделување на делови од студија се фрла сомнеж дека ковид скринингот е опасен

    Овој Фејсбук пост е типичен пример за недостиг контекст (missing context). Тој пренесува содржина со намерно изоставување на важни информации, а крајната цел е да дезинформира и да ја потврди тезата дека земањето брисеви на школските деца, може да донесе компликации, па дури и да е опасно по живот. Студијата споделена во постот навистина известува за последиците, но во објавата е пропуштено да се каже клучното од оваа студија, дека „фреквенцијата на компликации е исклучително мала“

    Ковид пандемијата постои, а болеста ковид-19 е предизвикана од вирус

    Ковид пандемијата постои, а болеста ковид-19 е предизвикана од вирус

    Ковид-19 е заболување предизвикано од SARS-CoV-2 , вирус од фамилијата коронавирус првично откриен во Кина во декември 2019 година. Докажано е дека коронавирусите се големо семејство на вируси за кои е познато дека предизвикуваат болести кои варираат од обична настинка до посериозни заболувања како Респираторен Синдром од Блискиот Исток (БИРС) и Сериозен Акутен Респираторен Синдром (САРС). Не е точно ниту тврдењето дека нема пандемија, во март минaтата година СЗО прогласи пандемија на ковид-19, а досега во светот има вкупно  240.940.937 потврдени случаи, а бројот на починати е речиси пет милиони –  4.903.911

    Фејсбук објава дезинформира дека спортисти починале од срцев удар поради примена ковид вакцина

    Фејсбук објава дезинформира дека спортисти починале од срцев удар поради примена ковид вакцина

    Постот произволно тврди дека има смртни случаи од срцев удар кај спортисти поради примена вакцина против ковид-19, но не се наведени нивните имиња. За ниту еден од посочените случаи нема конкретни и точни информации, нема никаква официјална потврда дека тие навистина примиле две дози на вакцина и дека тоа резултирало со срцев удар. Вакви фабрикувани објави кои се дел од поширока антиваксерска кампања, имаат за цел да ја убедат јавноста дека вакцините се штетни и да предизвикаат страв и недоверба кон нив

    Не е точно дека со вакцините против ковид ќе ве убијат

    Не е точно дека со вакцините против ковид ќе ве убијат

    Наспроти тврдењето во постот дека вакцините убиваат, многупати е покажано и во научни студии и емпириски во секојдневниот живот, дека ризикот од ковид и неговите компликации е далеку поголем од ризикот од вакцините и нивните несакани ефекти. Познатите ризици од ковид-19 и неговите компликации како долготрајни здравствени проблеми и смрт, надалеку натежнуваат над потенцијалните ризици да се има ретка несакана реакција од вакцината, пишува на веб-страницата на Центарот за контрола и превенција на болести во САД. Во однос на тврдењето од постот дека дел од профитот на „Фајзер“ е поделен и за политичарите во Македонија, тоа е целосно паушално нафрлено и непоткрепено со никакви докази

    Примив вакцина против ковид, дали смеам да се вакцинирам против сезонски грип?

    Примив вакцина против ковид, дали смеам да се вакцинирам против сезонски грип?

    Дилемата којашто се јавува кај пацинетите е дали оние кои се имунизирани против ковид-19, може да примат и вакцина против грип. Комитетот за имунизација препорачува граѓаните кои се вакцинирале со вакцина против ковид-19, две недели по примената втора доза, може да се вакцинираат против сезонски грип

    Со стари фотографии лажно се тврди дека вакцините против ковид-19 предизвикале генетски мутации кај бебиња

    Со стари фотографии лажно се тврди дека вакцините против ковид-19 предизвикале генетски мутации кај бебиња

    Фотографиите на кои се прикажани бебиња родени со генетски аномалии се стари е се појавиле многу години пред појавата на коронавирусот и вакцините против него. Оттука, тврдењето дека бебиња се родиле со опшака, со 4 нозе и 3 раце и со коса по целото тело бидејќи нивните родители биле вакцинирани против ковид-19, се неточни

    ПЦР тестот не е канцероген по стерилизација со етилен оксид

    ПЦР тестот не е канцероген по стерилизација со етилен оксид

    Етилен оксид е гас којшто често се користи за да се стерилизира медицинска опрема. Исто така, тој се користи за стерилизација на зачини и козметика. Етилен оксид не е составен дел, односно не е елемент од кој се состои ПЦР тестот. Медицински експерти посочуваат дека гасот се користи во процесот на стерилизација и нема влијание врз него, како што би имале, на пример, топлината или пареата во процесот на стерилизација

    Пост на Фејсбук шири невистини дека со вакцинацијата се зголемил бројот на заболени и починати од ковид-19

    Пост на Фејсбук шири невистини дека со вакцинацијата се зголемил бројот на заболени и починати од ковид-19

    Постот не нуди докази кои потврдуваат дека со вакцинацијата против ковид-19 се зголемил процентот на заболени и починати од коронавирусот. Не е точно дека се кријат официјални податоци од несакани реакции по примена вакцина против ковид-19. Официјалните податоци покажуваат дека вакцината во голем процент од случаите на ковид позитивни штити од сериозни форми на болеста и од смрт

    Не е точно дека лекари од Сингапур утврдиле оти ковид-19 е бактерија и се лекува со аспирин

    Не е точно дека лекари од Сингапур утврдиле оти ковид-19 е бактерија и се лекува со аспирин

    Постот што се споделува на Фејсбук ја манипулира јавноста дека во Сингапур била направена обдукција на починат пациент од ковид-19 и било констатирано дека не се работи за вирус, туку за бактерија. Станува збор за пост кој се споделуваше и во други држави, а во кој се тврди дека наводно сингапурските лекари откриле интраваскуларна коагулација која се лекува со антибиотици. Ваквите тврдења одамна беа демантирани од министерството за здравство на Сингапур од каде соопштија дека не е направена обдукција, ниту пак, препорачуваат други протоколи на лекување на болни од ковид-19

    Вакцинацијата важи и за вработените во Центарот за контрола на болести и во Агенцијата за лекови во САД

    Вакцинацијата важи и за вработените во Центарот за контрола на болести и во Агенцијата за лекови во САД

    Наредбата за  задолжтелна вакцинација што ја наложи претседателот на САД, Џо Бајден се однесува само за извршната власт. Тааа ги вклучува вработените во Белата Куќа и повеќето федерални работници. Наредбата на Бајден важи и за вработените во Центарот за контрола и превенција на болести, Агенцијата за храна и лекови, коишто се владини агенции, но не и за Конгресот. Тој е изземен од оваа наредба, затоа што е дел од легислативната власт

    Откажаните летови на Саутвест Ерлајнс не се поради протест против вакцинација на пилотите

    Откажаните летови на Саутвест Ерлајнс не се поради протест против вакцинација на пилотите

    Тврдењето дека откажаните летови викендов од страна на авиокомпанијата „Саутвест Ерлајнс“, се поврзани со вакцинацијата на персоналот е невистинито. Станува збор за комбинација од фактори кои довеле до откажувањето, меѓу кои временските непогоди и недостигот на персонал

    Вакцините не се „генетски боцки,“ ниту шират ковид

    Вакцините не се „генетски боцки,“ ниту шират ковид

    Вакцинацијата не се одвива под „уцена од фармацевтската мафија“, како што тврди постот, туку имунизацијата против ковид-19 во С. Македонија е на добороволна база. Исто така, ниту една вакцина против ковид не е генетска терапија, бидејќи научно е потврдено дека вакцината не е во контакт со човечката ДНК, која е носител на генетскиот материјал. Дека вакцините не се „шприцови за болест“, покажуваат и анализите за бројот на заболени и починати од ковид во С. Македонија, кои редовно ги објавува Министерството за здравство, од каде се гледа дека тие во најголем дел се невакцинирани

    Дезинформација е дека вакцините содржат ткива од убиени бебиња

    Дезинформација е дека вакцините содржат ткива од убиени бебиња

    Вакцините против ковид-19 не содржат клетки од абортирани фетуси. Меѓутоа, за да се направат некои од вакцините против ковид-19, при тестирањето и истражувањата биле користени фетални клеточни линии. Феталните клеточни линии се нешто многу поразлично од ткиво од фетус. Тие понекогаш се користат во развојот, потврдувањето или производството на вакцини – вклучувајќи ги и вакцините против ковид-19. Иако за правење на вакцината се користеле фетални клеточни линии, лабораториски реплицирани за време на процесот на производство, самата вакцина не содржи ткиво од фетус

    Не постојат глобал-сатанисти, имунизацијата се одвива врз база на научни студии

    Не постојат глобал-сатанисти, имунизацијата се одвива врз база на научни студии

    Научни студии и анализи секојдневно потврдуваат дека вакцините против ковид-19 се ефикасни и ефективни, спречуваат тешки форми на болеста и превенираат од смрт. СЗО и ЕМА годинава ги одобрија вакцините на „Фајзер“ и „Модерна“ за употреба и кај деца од 12 до 17 години. Испитувањето покажа дека ниту едно од 2.163 деца кои ја примија вакцината не разви ковид-19. САД и други земји, меѓу кои, Велика Британија, Израел, и Белгија, се изјаснија за  приоритетна вакцинација на трудници

    Грип или ковид? Постојат тестови кои ја детектираат разликата меѓу овие две инфекции

    Грип или ковид? Постојат тестови кои ја детектираат разликата меѓу овие две инфекции

    Мултиплекс панел тестот во исто време детектира специфични генски секвенци за докажување на присуство на коронавирус и специфични генски секвенци од вирусите на сезонските грипови А и Б инфлуенца. Во приватните лаборатории овој панел не е никаква новина, постои речиси една година и чини околу 4 илјади денари. На Клиниката за пулмологија веќе четири години постои мултиплекс ријал тајм ПЦР панел, со кој може со еден брис да се детектираат 33 патогени микроорганизми, партиципација за него е 2.300 денари. Но, се тестира само во случај ако клиничка слика е многу слична, односно таму каде, на пример, има клиничка слика со температура, респираторни симптоми и не се знае дали е ковид, дали е грип, дали е аденовирус. „Вистиномер“ се обрати до Министерството за здравство со прашање дали се размислува да се набават такви брзи тестови за детекција и на грип и на ковид истовремено, но не добивме одговор. Нашата проверка во аптеките покажа дека во земјава не се достапни брзи тестови кои истовремено дететектираат и грип и ковид

    Не е точно дека на стапчето со кое се зема брис за ПЦР тест има графен оксид

    Не е точно дека на стапчето со кое се зема брис за ПЦР тест има графен оксид

    Графен оксидот се смета за алатка за подобрување на ПЦР-тестирањето, но во овој случај супстанцата се користи директно за време на анализата, а не за време на земање мостри од биоматеријалот. Во стапчињата за брис со кој се земаат примероци од мукозните мембрани на човечкото тело нема графен оксид. За време на земањето на ПЦР-тестот (брисот), графен оксидот не доаѓа во контакт со телото на пациентот на каков било начин и не може да предизвика никаква штета