×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • 35-та јубилејна Меѓународна колонија „Свети Јоаким Осоговски“

    07.09.2021 12:07 | Жаклина Цветковска

    Во манастирот „Свети Јоаким Осоговски“ кај Крива Паланка, утре започнува 35-то јубилејно издание на Меѓународната ликовна колонија,,Св.Јоаким Осоговски,“, која е една од најстарите ликовни манифестации од ваков вид и единствена која се реализира во сакрален амбиентален простор.
           

    35-та јубилејна Меѓународна колонија „Свети Јоаким Осоговски“

    На овогодинешната ликовна сесија ќе учествуваат 11 ликовни творци од земјата и странство и тоа: Данчо Ордев, Стефан Хаџиниколов, Мирјана Крстева Масети, Валентина Илијевска, Лазо Ѓоргиевски, Нела Јанковска, Дејан Иванов – Маргуш од Македонија ,Светозар Тасиќ од Србија, Снежана Мелник од Украина и Георги Андонов и Љубима Брдарова од Бугарија.
            
    Уметниците ќе работат по слободен тематски пристап,принцип со кој од основањето до денес се негува слободата на духот и творештвото.

    Колонијата ќе трае од од 08-14 септември, а создадените дела ќе се презентираат во манастирската галерија (во функција на културниот туризам),во ЛУ Градски Музеј Крива Паланка и во повеќе градови во земјата.

    Оваа значајна уметничка манифестација е подржана од Министерството за култура, општина Крива Паланка и од манастирот Св.Јоаким Осоговски.