Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Шеесетина рачно изработени сувенири со мотиви од кривопаланечката култура и традиција беа подарени на Општина Крива
Паланка од страна на Здружението на жени земјоделки, сточарки и домаќинки „Агропаланчанка“.
Сувенирите се изработени во рамки на проектот „Со нови вештини до подобар локален економски развој“, финансиски подржан од локалната самоуправа, а на која учествуваа повеќе невработени и креативни жени од општината.
„Учесничките изучуваа изработка на сувенири и украсни предмети изработени во декупаж и други техники, под менторство на едукаторот Оливера Станковска. Целта беше стекнување со нови вештини кај жените, кои би им помогнале да ги зголемат своите можности на пазарот на труд и да изнајдат алтернативни решенија за заработка, вели Јагода Велковска,
претседател на „Агропаланчанка“.
Таа посочува дека особено радува што учесничките на работилницата продолжуваат и понатаму да изработуваат креативни дела и да ги усовршуваат вештините.
Сувенирите се подарени на општината со цел за да се продолжи со понатамошната промоција на културно-историските вредности на ова подрачје.