×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Дистрибуирани училишна опрема - донација од Europ’Raid од Францијa за младите франкофони од Крива Паланка

    19.09.2023 11:47 | Жаклина Цветковска

    Околу 1,6 тони донирана опрема од екипите на авантуристичката турнеја Europ’Raid од Франција распределени се на учениците од ООУ „Св. Јоаким Крчовски“ од Крива Паланка на почетокот на новата учебна година.

    Дистрибуирани училишна опрема - донација од Europ’Raid од Францијa за младите франкофони од Крива Паланка

    Младите авантуристи,  кои патуваат низ 20-тина европски земји со автомобили пежо 205, при престојот  во Крива Паланка во месец август донираа најразличен училишен и канцелариски материјал, медицинска и спортска опрема, хигиенски средства, облека, обувки, разновидни друштвени игри, прирачници и речници за изучување на францускиот јазик.

    „Донираната опрема беше селектирана и распределена по категории од страна на училишниот тим. Самата донација, пак,  претставува голем поттик и предизвик за младите франкофони од нашиот град континуирано да го изучуваат и усовршуваат францускиот јазик“, посочи професор Елена Николовска, координаторка на настанот.

    За време на престојот на француските авантуристи во Крива Паланка во месец август, младите франкофони подготвија франкофонски музички хепенинг, со цел да се заблагодарат за донираната опрема. Сите учесници н хепенингот, како и  сите франкофони и ученици од подрачните училишта каде се изучува францускиот јазик и учениците од ранливите категории добија ранчиња со разновиден училишен материјал, спортска опрема, облека и хигиенски средства.  

     “Уште еднаш сакам да упатам голема благодараност до екипите на Europ’Raid кои поминаа илјадници километри за да донираат опрема во нашето училиште. Голема благодарност до Амбасадата на Франција за постојаната соработка, несебичната поддршка и изборот Крива Паланка да биде град-домаќин на овој настан, како најголема македонска франкофонска лулка. Голема благодарност и до училиштето, општината  и сите останати служби и институции кои се вклучија во организацијата за да  се покажеме како добри домаќини”,  истакна Николовска, професорка пофранцуски јазик и една од најпознатите франкофони во нашата земја.