Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Локалниот економски развој, сообраќајниот хаос и комуналните услуги се меѓу најприоритетните проблеми за граѓаните на Крива Паланка, кои ќе бараат тие да бидат решени од страна на идната локална власт.
За овие три приоритети се дискутираше на денешната консултативна средба со граѓаните, при што беа посочени најкритичните точки од овие области меѓу кои недостиг на паркинг простор, создавање на услови за бизнис заедницата, изградба на пречистителна станица, развој на туризмот, подобрување на комуналната хигиена и друго.
Консултативната средба ја организираше РЦС „ Спектар“ како дел од соработниците и партнерите на 9 граѓански роганизации , кои спроведуваат повеќе активности за поттикнување на директното граѓанско учество при одредување на приоритетните проблеми, потреби и предизвици со кои се соочува локалната заедница..
Планирана е уште една консултативна средба, по што ќе се одржи јавна дебата со кандидатите за градоначалници и советници на која граѓаните ќе имаат можност да ги кажат своите приоритетни потреби, но и да ги слушнат плановите и очекувањата од претендентите за идната локална власт.
Целта на овие активности е да се создаде Форум за граѓански дијалог, кој по изборот на градоначалници и советници ќе продолжи активно да ја следи работата на локалната самоуправа и реализацијата на граѓанските приоритети.
Проектот го спроведуваат шест партнерски граѓански организации (НВО Инфоцентар, Младински културен центар-Битола, Центар на заедницата на општина Струга, Гласен Текстилец, Мултикултура и Идеа ЈИЕ), во соработка со Спектар од Крива Паланка, Граѓанска иницијатива на жени од Свети Николе и Центар за развој на медиуми.
Форумот за граѓански дијалог е поддржан од Меѓународниот центар Улоф Палме од Шведска.