Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Попладнево избувна голем пожар во атарот на село Киселица, кривопаланечко, кој постојано се проширува и засега не може да се локализира.
Во пожарот изгореле повеќе плевни, шума и сува трева, а во последен момент биле спасени куќите.
Но пожарот продолжува во широк појас, а како што информираат од ТППЕ Крива Паланка има многу чад и пламен и засега не се знае дали има други опожарени куќи. Екипите на Противпожарната единица се на терен, заедно со полицијата и Шумското стопанство од Крива Паланка и се обидуваат да стават контрола врз огнената стихија.
Поради силниот ветер гаснењето на пожарот е отежнат, а засега нема точна проценка колкава површина е зафатена.