Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Досегашниот градоначалник на Липково Еркан Арифи од ДУИ победи во првиот круг на локланите избори и доби уште еден мандат да ја води општината.
Арифи доби поддршка од 7.087 гласачи, наспроти неговите противкандидати Арсим Идризи 1664 гласа, Љуан Рамадани 544 и Евзи Јашари 189 гласа.
Во Советот на Општина Липково најмногу гласови освои ДУИ 5.653, потоа Алијанска за Албанците и Алтернатива- 1.944 гласа, Беса - 708, ГИ Абдука Реџепи 460, СДСМ - 357 и ДПА - 339.