×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Иновативни приказни за младите и социјалното претприемништво

    27.03.2023 21:01 | Жаклина Цветковска

    Во Europe House Крива Паланка младите имаа можност да се запознаат со социјалното претприемништво и неговата мисија за поддршка на ранливите и маргинализирани групи преку проекција  на документарен филм и дебата на оваа тема.

    Иновативни приказни за младите и социјалното претприемништво

    Документарниот филм „Посеана надеж“, изработен со поддршка на Европската Унија,  зборува за 15 успешни социјални претпријатија,  кои со своите инспиративни приказни нè уверуваат дека  и кај нас е можен овој начин на организирање, кој се темели на  солидарност и желба да се овозможи инклузија на маргинализираните групи во општеството.

    „Денеска се инспириравте од иновативните приказни на социјалните претпријатија прикажани во филмот. Утре можете и самите да отворите едно вакво претпријатие или пак да поддржите некое чија мисија ќе биде сродна на она во што верувате. Младите се тие кои во иднина ќе ги купуваат производите и услугите на социјалните претпријатија, препознавајќи ја нивната додадена вредност - постигнување на подобро општество преку вклучување на ранливите групи во него“, посочи тим лидерката на проектот Барбара Садовска.

    По проекцијата на филмот младите дискутираа за начините како да се вклучат во социјалното претприемништво и да бидат активни во остварување на нивната цел.