Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Пожарот, кој вчера избувна во Ранковце и зафати повеќе села, во текот на ноќта е локализаиран и веќе е ликвидиран.
Огнената стихија ги зафати селата Отошница и Радибуш, а потоа се прошири кон селото Станца, во правец кон граничниот премин со Србија.
Во пожарот изгорел селскиот дом во село Отошница, неколку куќи и голема површина со шума, нискостеблести дрвја и сува трева, а штетата во
моментов се проценува.
Пожарот избувнал кај трафостаницата во Отошница од спој на електрични жици, по што се проширил на селскиот дом и неконтролирано продолжил да се шири.
Во гаснењето на пламените јазици учествуваа Противпожарните единици на Ранковце и Крива Паланка, а во текот на ноќта на теренот без присутни и
вицепремиерот за борба против корупција, одржлив развој и човечки ресурси Љупчо Николовски и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.
Изгаснати се и пожарите во Крива Паланка, кои вчера беа регистрирани на 4 локации. Наголема материјална штета е направена од пожарот во село Варовиште каде се изгорени 8 хектари борова и друга шума, две плевни, овоштарници и кошници со пчели, а една куќа е делумно опожарена. Пожарот бил предизвикан од спој на паднати електрични жици.
Поради оштетената електрична инсталација делови од Крива Паланка и Ранковце вчера останаа повеќе часови без напојување со електрична енергија.