×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Министрите Спасовски и Вулин во посета на опожарените подрачја во Старо Нагоричане

    03.08.2021 20:57 | Сузана Николиќ

    Министрите за внатрешни работи на Македонија и Србија, Оливер Спасовси и Александар Вулин, денеска беа во посета на опожареното подрачје во Општина Старо Нагоричане, откако во државата пристигнаа четири хеликоптери со 16 членови на МУП Србија, за да помогнат во гаснењето на пожарите во државата. 

    Министрите Спасовски и Вулин во посета на опожарените подрачја во Старо Нагоричане

    „Со нас денеска се нашите пријатели од Република Србија. Тие ни испратија 4 хеликоптери за гаснење на пожарите, кои ќе се приклучат на нашите два хеликоптера и ќе сториме сѐ што можеме да ја спречиме огнената стихија низ државата. Би сакал да упатам голема благодарност до Република Србија, која повторно се покажа како сосед за пример, подавајќи рака кога ни е најтешко и до министерот Вулин лично, за денешната посета, поддршка и помош за Република Северна Македонија, за нашите граѓани. Особено е значајно кога човек во неволја не е оставен сам на себе. Затоа се со нас нашите пријатели, затоа сме ние со нашите граѓани “, истакна министерот Спасовски.

    Спасовски подвлече дека солидарноста и заедништвото се многу важни во вакви моменти, а благодарение на функционалноста на системот, на професионалноста на службите – пожарникарите, полицијата, армијата, локалната самоуправа, но и на смиреноста и солидарноста на граѓаните, како и одговорноста на медиумите при известувањето, ситуацијата со вчерашните пожари е ставена под контрола, додавајќи дека состојбата и понатаму будно се следи, со сите ангажирани расположливи капацитети и со оние кои допрва се очекува да стигнат од пријателите и сојузниците.


    Министерот Вулин истакна дека само неколку дена по Самитот во Скопје, каде лидерите на двете земји ја истакнаа  потребата сите народи на Балканот да бидат поблиску едни до други при сите форми на соработка,  денеска се покажало колку е тоа важно и неопходно.

    „Од денеска на просторот на Северна Македонија се наоѓаат четири хеликоптери на МВР на Србија, од кои три се противпожарни, односно можат да гасат пожар, а четвртиот е за извидување и наведување, а доколку ситуацијата се влоши, спремни сме да интервенираме и со наши луѓе и со техника каде што ќе биде потребно“, порача Вулин.

    Тој потсети дека зад опожарените ридови се наоѓаат ридови кои ѝ припаѓаат на Република Србија, па изгаснатите пожари тука ќе значат превенција од проширување на пожарите на територијата на Србија.

    „Сите ние сме едно на овие простори и мораме да бидеме блиску, што поблиску едни кон други. Би сакал да изразам полна солидарност кон граѓаните на Северна Македонија во име на Владата на Република Србија и Министерството за внатрешни работи и да порачам дека нашата помош е тука, таа секогаш ќе биде брза, сигурна и на нас секогаш ќе можете да се потпрете“, нагласи министерот Вулин по средбата.